Треба да се почитуваат различните јазици за напредно функционирање на општествата, истакна премиерот Димитар Ковачевски на настанот организиран по повод 114-годишнина од албанската азбука.
Aлбанскиот јазик не е мој мајчин јазик, но албанскиот јазик е мој братски јазик. Јазикот не е само средство за комуникација со кое ќе се разбереме, тој е дел од нашиот идентитет и од нашиот генетски код. Чинот на уважување и почитување на јазиците покажува еден европски, цивилизиран и напреден начин на функционирање во светот“, рече премиерот.