0.9 C
Ohrid
петок, декември 13, 2024
ПочетнаМакедонијаИнспектор Томе и пиша на Агелер: Не си ги арчите љуѓено за...

Инспектор Томе и пиша на Агелер: Не си ги арчите љуѓено за џабе, пушчете си ги совреме на обука к’ј мене.

spot_img

По повод Меѓународниот ден на борба против корупцијата, 9 декември, инспектор Томе, лик од сериите „Преспав“ и „Куќен притвор“, подготви обраќање до нејзината Ексцеленција, амбасадорката Анџела Агелер, со предлог кој е тешко да се одбие.

Во продолжение, писмото ви го пренесуваме во целост, напишано на дијалект:

Госпожа екселенција,

Прво да ви посака едно топло добредојде во нашава преуба земја. Ви се пуља некое време вака малу ми стојте ко зачудена, да не реча пеплосана, од то шо го гледате, и си реков седи Томе пиши, саде ти ли од цела држава да не му пишиш отворено писмо на амбасадоркава. Сака да ве утеша, то шо го пулите мојт стварно малу неубо за очи, но нека не ве лажит прв утисак, то нишчо не е, ве увервам мојме мие и дамбетер.

Да ви кажа, најотворено, ногу убо ми идит на душава ко читам тим за санкции ќе идале од Америка, ја од кога веља Томе сам не можит, еден чоек толку, пиши дење-ноќе казни, се оправ пишење, тим си требат. Не знајте колку се радвам шо конечно некој во државичево имат решено да се клајт малу ред со корупцијава к’ј нас, па макар тој некој бил и странец.

Корупцијата к’ј нас зеде невиден замав. Уш ми се свежи спомените ко со корупцијана се занимававме една шака љуѓе. За сите имаше доволно – чепни овде, чепни онде, ќе му завршиш некому работа, ќе скиниш некое казниче, ќе му вработаш роднина – ќе ти се оддолжит. Корупција беше поштен позив. Денес немат појќе некој кој не се бавит со корупција. Нелојална конкуренција на секој чекор. Порано се знајше к’ј се дават мито, к’ј се дават рекет, денес љуѓено ги рекетирет и им барет мито на секој чекор, к’ј ќе стигнет и кој ќе стигнит, и има приметено оти не го давет веќе митото со толкав лезет, ко збогтисано му е.

Ја не зна кого имате планирано во тимо, ама сака да ви предложа, да ги пушчите долу к’ј мене на обука. Прво, тој, кој и да е, идит од Америка. Од к’ј знајт тој шои е кјорупција, ко к’ј вас та е скоро искоренета. Ќе му се дешават предочи немат да мојт да ја препознајт. Второ, корупцијата к’ј нас имат македонски обележја, то си е наша македонска корупција, не е ниту српска, ниту бугарска, ниту грчка, та е нераскинлив дел од нашио идентитет и посебност. Фино имат кажано то со јазико, ама ак смем да го парафразира малу Конески: корупцијата е нашата татковина. Не си ги арчите љуѓено за џабе, пушчете си ги совреме на обука к’ј мене. Пари преку рачун не ви бара, ќе најме начин, ќе се договориме, да ја парафразира Атиџе – пола за мене, пола за Америка. Ви ги враштам на рака.

И уш нешчо, гледам и со суцвоно сте се фатиле, ак можит то куќнио притвор да ургирате да ми го тргнет, требит да се врата малу у промет со казнишча, корумпиранине од Преспав кизнајт шо прает остаени без надзор, дан царуват корупцијана и во Преспанскио крај.

Однапред ви благодара,

Инспектор Томе,

Општина Којнско“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Запленети околу четири тона марихуана во валандовско

Запленети околу четири тона марихуана во валандовско Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје...

Момчето кое „го хејтаа“ македонците, постави нов рекорд !!!

17-годишниот пливач Никола Ѓуретановиќ од Македонија го направи невозможното! Во дисциплината 400 метри слободно на Светското првенство во Будимпешта постави: Апсолутен рекорд на Македонија...

Кривични пријави против, Фестим Халили и Коста Петров, поранешни директори на Фондот за иновации

Кривични пријави се поднесени против поранешните директори на ФИТР, Фестим Халили и Коста Петров, за злоупотреба на службена положба и овозможување незаконски исплати на...

Костадиновски: Лага и манипулација е дека ќе биде укинат албанскиот јазик, никој не го доведува во прашање

Во вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, рече дека не е точно оти судот го укинал „балансерот“. манипулација...