5.9 C
Ohrid
четврток, март 20, 2025
ПочетнаМакедонијаВладиката г.г. Стефан забрани погреби за празникот Св. Никола, починатите ќе се...

Владиката г.г. Стефан забрани погреби за празникот Св. Никола, починатите ќе се погребуваат во вторник !!!

spot_img

Владиката г.г. Стефан забрани погреби за време на празнувањето на Св. Никола и правилото почнува да се применува од оваа година. Починатите од сабота, недела и од понеделник ќе се погребуваат во вторник. За измените, семејствата на починатите ги известува погребалната служба, која работи на Градските гробишта во Бутел.

<

За забраната не знаеше ниту попот кому му се јавивме за погребот. Се јавуваше некаде да праша. И нему не му се веруваше, но ни рече дека навистина има забрана од оваа година, па договоривме погреб во вторник“, вели скопјанец, кој викендов имал смртен случај во семејството, а починатиот веднаш бил пренесен во капелата на Градските гробишта во Бутел.

Скопската православна епархија за „А1он“ потврди дека нема погреби за време на празнувањето на Св. Никола, но верниците ќе треба да ги одложат погребите и за време на Божиќ и Велигден.

„По барање на целокупното свештенство од Скопската православна епархија, а за што се известени и директорите на АД ‘Бутел’ – Скопје, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан дал благослов на денот на празнувањето на Св. Никола да не се извршуваат погребенија, пракса што црквата ќе ја применува и за саботните задушници, како и за празниците Божиќ и Велигден“, кусо објаснуваат за „А1он“ од Скопската православна епархија.

Од управата на Градските гробишта „Бутел“ за „А1он“ неофицијално појаснија дека забраната се однесува на верските обреди поврзани со погребите, а не и на самиот чин на погребување. Доколку некој реши, погреб може да се организира, вклучително со изложување на починатиот во капела, но нема да има поп. Нивните служби се достапни за граѓаните без прекин во текот на целата година.

„Погребите ги организираат операторите на погребални услуги и за нив, по барање на странките, тие или самите странки организираат услови за верски обреди. Доколку операторот и странките ги организираат сите претпоставки за погреб, вклучително и верските обреди по избор на странката, АД ‘Бутел’ обезбедува термин што соодветствува со барањето на операторот“, велат од АД „Бутел“ – Скопје.

Денес и вчера, капелата беше затворена, немаше изложување на починатите. За тоа сведочат и продавачите на цвеќе спроти капелата. Тие се потсетија дека погреби годинава немало и за Задушница, кога има голем метеж на гробиштата.

Починатите од викендов се во ладилниците на капелата на Градските гробишта во Скопје. Од АД „Бутел“ – Скопје велат дека услугата за 24 часа чини 250 денари и тие ќе им фактурираат на семејствата онолку колку што починатите ќе останат кај нив. Отстапки поради забраната нема. Управата вели дека нема официјално известување за забраната од МПЦ.

„А1он“ од МПЦ побара дополнително објаснување за причините поради кои свештенството барало забрана за погребување, кога стапила на сила одлуката и кој е се е обврзан да ја почитува. Од таму најавија одговори во следните денови.

А1 он

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен градоначалникот на Кочани, но и двајцата негови претходници

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, бил приведен од страна на полициски службеници, доцна попладнево. Според првичните информации, освен него, полицијата уапсила и негови претходници. Уапсен...

Мвр коси се пред себе: Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје

Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје На 17.03.2025 од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје привремено...

ЈП „Билјанини Извори“ Охрид ги отфрла изнесени наводи во јавност дека дел од излезите на салата се затворени.

Јп Билјанини Извори“ Охрид ги отфрла изнесени наводи во јавност дека дел од излезите на салата се затворени. -Нашата спортска сала работи согласно сите прописи...

Последно збогум: Погребани членовите на групата „ДНК“ кои загинаа во пожарот во Кочани

Денеска беа погребани членовите на музичката група „ДНК“, кои трагично го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, објави МИА. Пејачот на бендот,...