10 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаПецаков: Новата година нека биде година исполнета со многу радост, благосостојба и...

Пецаков: Новата година нека биде година исполнета со многу радост, благосостојба и успеси

spot_imgspot_img

На последниот ден од старата година, Охриднет традиционално пренесува видувања и желби за Новата година.

Го запрашавме градоначалникот Кирил Пецаков по што ќе ја памети 2022 и кои се неговите очекувања за идната година.

Ваше видување за 2022 (по што ќе ја паметите 2022 година) на деловен и приватен план?

Пецаков: Изминатава 2022 година пред се ќе ја паметам како година на големи ангажмани и многу успешна работа за обезбедување на подобра иднина на Охрид. Реализиравме низа проекти од инфраструктурата кои се значајни за нашите граѓани. Асфалтиравме улици, градевме потпорни ѕидови, се вршеше партерно уредување, се поставуваа нови водоводни линии и канализациони мрежи.
Во делот на образованието исто така имавме успешна реализација на значајни проекти во неколку училишни објекти, предвидовме многу новини во делот на поддршката на талентирани ученици, а за прв пат обезбедивме и поддршка за семејствата на првачиња. Бевме посветени на поддршка на спортот, а на наша голема гордост оваа година застанавме зад организацијата на јубилејното издание на „Охридскиот пливачки маратон“. Во насока на продолжување на туристичката сезона, оваа година за прв пат го организиравме Фестивал на вино кој беше надополнет со богата забавна програма која го привлече вниманието и на жителите и на туристите.
На приватен план оваа година ќе ја паметам по многу прекрасни мигови поминати со моето семејство и моите дечиња. Тие ми ја даваат силата и енергијата, тие се мојата најголема поддршка и инспирација за се што правам.

Што очекувате во 2023 година?

Пецаков: Охрид заслужува подобар развој и убеден сум дека преку посветена работа ќе успееме да се искачиме многу повисоко на скалилото на успехот, на секое поле. Имаме план и јасна визија како градот треба да се развива наредните години. Во програмите за работа за 2023 година креиравме реално остварливи проекти кои ќе можат да бидат реализирани.
Тука се низа проекти од инфраструктурата, која е потребна на граѓаните, проекти за квалитетно и модерно образование, поддршка за спортот и спортските клубови, изградба и реконструкција на детски игралишта и многу друго. Даваме поддршка на проекти за промоција на туристичките потенцијали, културното и природното наследство како и унапредување на културните и духовните вредности. Исто така, тука се и проектите за подобрување на инфраструктурата во руралните средини и решавање на проблемите со водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води.
Општина Охрид пред се е посветена на граѓаните и секогаш сме подготвени да ги слушнеме сите пофалби и критики, но и сите предлози во насока на подобрување на условите за живеење. Се надевам дека во 2023 година ќе ги надминеме сите предизвици кои произлегоа од енергетската криза и инфлацијата и дека ќе се избориме за решавање на сите проблеми.

Ваша Новогодишна желба?

Пецаков: Мојата најголема желба е пред се добро здравје за мене, моето семејство и за сите граѓани. Посакувам заедно со моите охриѓани да го вратиме чувството на гордост, што сме жители на овој уникатен град со сета негова убавина и традиција.
Посакувам во 2023 година да имаме повеќе сила, храброст за носење на важни одлуки кои се важни за подобар просперитет на Охрид.
Посакувам да се надминат недоразбирањата и поитичките премрежја и да се врати мирот и стабилноста во Европа, бидејќи тоа е од исклучителна важност за Република Македонија, пред се на економски план.
Оваа можност сакам да ја искористам и на сите граѓани да им посакам се најубаво во новата 2023 година. Нека биде година исполнета со многу радост, благосостојба и успеси и да се случуваат само убави работи. Нека е среќна и бериќетна за Охрид и за сите нас!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...