6.2 C
Ohrid
среда, декември 11, 2024
ПочетнаМакедонијаЗАПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ЧЕСТВУВАЊЕ НА ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК „БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ“

ЗАПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ЧЕСТВУВАЊЕ НА ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК „БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ“

spot_img

ЗАПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ЧЕСТВУВАЊЕ НА ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК „БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ“

Во духот на православието и востановената традиција Охрид и годинава ќе биде центар за чествување на големиот христијански празник Богојавление-Водици. Подготвена е богата програма и се очекува традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро да го проследат илјадници верници. Ова беше истакнато денеска на првиот состанок на организациониот одбор кој е задолжен за манифестацијата.

Како и секоја година, организацијата на Богојавленскиот водосвет ќе биде составен од два дела. Првиот дел е црковниот дел, за кој е задолжена Дебарско-кичевската епархија при МПЦ и вториот дел е граѓански дел што го координира Општина Охрид, а се однесува на целокупната пропратната програма.

а 19-ти јануари, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 7 часот наутро, а точно во 10 часот од Градското пристанишете ќе биде положен Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Заинтересираните капачи кои сакаат да бидат дел од настанот, своето учество можат да го пријават во сите парохиски цркви во Охрид.

По чинот на Богојавленскиот водосвет, со почеток во 12 часот на градскиот плоштад „Свети Климент Охридсаки“ предвидена е забавна програма за посетителите, со концерт на групата „Чалгија саунд систем“. Во организација на Црвен Крст истиот ден од9 до 15 часот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Во рамки на активностите за техничка подготовка и логистика, во недела на 15-ти јануари охридските нуркачи ќе спроведат чистење на дното од Охридското Езеро на просторот каде ќе се спроведе положувањето на Светиот крст. Исто така предвидени се и низа активности за уредување на пристаништето и крајбрежниот дел на Охридското Езеро, соодветно украсување на градот и активности кои се поврзани со безбедноста на капачите и посетителите.

Чествувањата и обичаите поврзани со Водици во Охрид, продолжуваат и на 20-ти јануари со Денот на рибарите и празникот Свети Јован Крстител. Уникатната манифестација со традиционалното капење на рибарите и годинава ќе се одржи на месноста „Сараиште“ и ќе биде надополнета со повеќе културни и забавни содржини.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кирил Пецаков : Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат

Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид: Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат Охрид, со својата историја, култура, природни убавини и...

Васко Ковачевски сепак не е уапсен, заминал од државата уште во септември

Иако првичните информации во јавноста и медумите беа дека е уапсен поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски во големата полициска акција што почна утрово...

Ковачевски е во бегство, но ќе го најдеме !!!

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата потврди дека екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски е надвор од државата. Тој додаде дека единствено...

Во голема акција на МВР уапсен Васко Ковачевски и уште 28 лица

Васко Ковачевски поранешениот директор на ЕСМ е еден од 29 физички лица кои се уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на...