14.9 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаГинекологот Митко Киров ослободен од обвинение откако на пациентката Тања Атанасова ѝ...

Гинекологот Митко Киров ослободен од обвинение откако на пациентката Тања Атанасова ѝ ги подврза двата мочоводи, таа е огорчена: Барам правда, не пари!

Основниот суд Струмица го ослободи гинекологот Митко Киров од обвинение за кривичното дело „тешки дела против здравјето на луѓето“. Гинекологот и поранешен пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, според обвинението кое е отфрлено од страна на судот, при вршење на хируршко отстранување на матката – ги подврзал и мочоводите на 43-годишната пациентка Тања Атанасова од Валандово поради што било предизвикано тешко нарушување на работата на бубрезите и доколку таа дополнително не била оперирана, можело да почине.

Атанасова за „Слободен печат“ вели дека креатининот ѝ бил 1100, иако нормалната вредност е 100. Таа е шокирана и незадоволна од првостепената пресуда и бара правда. После операцијата се бори со депресија, анксиозност, а спасувањето на животот се одвивало во приватната болница „Систина“, затоа што на Ургентен центар во Скопје не ја примиле со итноста која нејзиниот случај ја барал, па на семејството не му се ризикувало да чека.

На 21 јуни 2021 година, отидов на операција, за да вадам матка во Општата Болница Струмица поради миом. Претходно крварев, дури и примав крв и со препорака од гинеколог – отидов во Струмица. Операцијата ми ја закажа и изведе доктор Митко Киров. Дента на операцијата, јас бев меѓу првите пациентки. Кога се освестив, го видов докторот, ми рече дека сум добра, дека матката е извадена и испратена во Скопје на испитување. После операцијата, додека лежев во болничкиот кревет, повраќав и многу ми се лошеше. Вечерта кога дојде сопругот да ме посети, му кажав дека не мокрам и го замолив да ми купи вода, да се обидам да мокрам. И вториот ден воопшто не мокрев, а освен повраќањето и лошењето, имав големи отоци на нозете. Веќе вечерта повикаа уролог, доктор Василев. И тој рече – дали е можно да и се подврзани и залепени мочоводите на жената? Веднаш ме однесоа на снимање. Откако ме качија на спрат, тотално на моменти ја губев свеста. Не знаев што се случува, не бев при себе. Ме качија во амбулантно возило во кое немаше доктор, туку само со сестра и со шофер да одам за Скопје. Кога стигнавме на Клиника во Ургентен центар, беше многу рано изутрината. Додека чекавме смена на доктори, чекањето стана неподносливо. Креатенинот ми беше 1100, а нормалната вредност е 100. Ќерка ми е студент по медицина, шеста година и таа кажа „тато, работата не ја бива, ја губиме мама“. Не можеше да чекаме и право во „Систина“ ме однесоа. Таму ме прими доктор нефролог, кој препорача два дена да сум на дијализа. После дијализата се вратив во живот, раскажува за „Слободен печат“ Атанасова. ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ НА СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонски етнолог на страниците на Њујорк Тајмс

Александар Арабаџиев, етнолог произлезен од Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, УКИМ и мултиинструменталист со потекло од Радовиш, е учесник во ново меѓународно...

Османи: Влада со нелегитимни Албанци е исто како и влада без Албанци

Влада без легитимни Албанци е исто како Влада без Албанци, порача Бујар Османи од ДУИ во гостувањето на Канал 5 во „Само Интервју“. Тој...

Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на...

Османи: И Заев велеше дека нема да прави влада со ДУИ

Стана тренд дека ако правите кампања против ДУИ ќе ја добиете поддршката на македонскиот народ. И Заев велеше дека нема да прави влада со...