7.4 C
Ohrid
вторник, декември 10, 2024
ПочетнаМакедонијаИскршена новата спомен-плоча кај Вејце која беше поставена во петокот (ФОТО)

Искршена новата спомен-плоча кај Вејце која беше поставена во петокот (ФОТО)

spot_img

Искршена е новата плоча со имињата на осумте припадници на безбедносните сили, кои загинаа во маскарот кај Вејце, а беше поставена таму на 28 април од страна на политичката партија Левица.
На фотографијата објавена од оваа партија се забележува дека уништени се цвеќињата и свеќници, а стои само плочата со имињата оставена од Одборот на бранители.

Со племенски манири, територијални претензии и никаков соживот нема чекор кон Европа и светот. Во 21 век кога светската цивилизација претендира да се колонизора на Марс, албанците од Tетово преку вандализам и рушење на сé што е македонско се враќаат во камено доба. Имено, осквернавени се поставените плочи во чест на масакрираните бранители во Вејце од 2001 година, кои ги поставија лидерите на Левица, Апасиев и Крмов, но и другите присутни. Секоја година сликата е иста, а државниот врв е нем и глув на уринирањето врз историјата и државноста од страна на албанското малцинство кое дивее врз државата која ги храни и вдомила. Сите функцуонери целите кон Европа и Запад, а самите знаете дека со ваков “соживот” не се оди никаде. Се сликате по медиуми и со претставници на Европската заедница, а општеството ви е труло. Вечна им слава на македонските бранители, гробот вечно ќе им се знае, бидејќи не можете толку да искршите колку што ние може да поставиме, соопштија од партијата Левица.

Во петокот повеќе претставници на партии, организации, здруженија, МВР, Армијата и други оддадоа почит кон војниците и полицајците на место каде ги загубиле животите во 2001 година во близина на Вејце.

На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27) Игор Костески (26) Миле Јаневски (30) Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби со семејството на црната листа на САД

Артан Груби, поранешниот вицепремиер на Македонија, неговото семејство, како и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд завршија на црната листа на САД. Веста штотуку ја...

Ахмети до Мицкоски: И ние сме незадоволни од компромисот во 2001ва, но тоа е најдобро за сите

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва oд пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т. н. „Стража на јазикот“,...

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на...

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Охрид.

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион. Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето...