8.6 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаЕдвај 20 луѓе дојдоа на комеморацијата на Ферус Мустафов

Едвај 20 луѓе дојдоа на комеморацијата на Ферус Мустафов

spot_imgspot_img

Едвај 20 луѓе дојдоа на денешната комеморацијата на музичарот Ферус Мустафов, кој почина на 22 мај на 72 години. Освен семејството, претставник од Министерството за култура и претставници од Здружението на естрадни уметници, немаше други музичари и пејачи со кои соработуваше во кариерата. Иако речиси сите на социјалните мрежи објавуваа фотографии со него и се простуваа од Ферус.
Многу ми е жал што денеска нема колеги, можеби дека испраќањето е во работно време. Човекот заслужува. Јас не зборувам зад грб, но да останеме позитивни“, рече композиторот Сашо Ливрински.

За потсетување, Мустафов беше погребан пред два дена на гробиштата Камник, во Скопје.

Мустафов е роден на 20 декември 1950 година и потекнува од ромско семејство на музичари и е син на Илми Јашаров. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија. За тоа време, тој бил поканет да оди на турнеја со бенд предводен од Тома Чрчев, а успехот на турнејата го натерало да се откаже од академското учење за да стане музичар.

Настапувал во голем број земји во светот и снимил десетина албуми, главно со инструментални композиции.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...