16.4 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаДрага Снежана, јас не сум претседател на Украина“: пратеничката на СДСМ му...

Драга Снежана, јас не сум претседател на Украина“: пратеничката на СДСМ му го згреши името и функцијата на спикерот на украинскиот парламент

Пратеничката на СДСМ Снежана Ванчева Калеска на Фејсбук објави фотографија со спикерот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук, но напиша дека тој е привремен претседател на Украина.
Со претседателот на Врховната рада Стефанчук, Ванчева Калеска се запознала при студиска посета на шведскиот парламент Ригсдаг, а погрешно напишала и дека тоа е „спикерот на украинската Врховна рада Олександар Турчинов“. Таа додава и дека тој воедно ја извршува привремено и функцијата претседател на Украина.

Набрзо, под нејзината објава Стефанчук се огласи со коментар за да објасни дека тој не се вика Олександар Турчинов и дека не ја извршува привремено функцијата претседател на Украина.

„Драга Снежана, драго ми е што се запознавме, но моето име е Руслан Стефанчук, јас сум спикер на украинскиот парламент, а претседател на Украина е Володимир Зеленски“ – ѝ напиша Стефанчук на пратеничката од Македонија.

Руслан Стефанчук е на чело на Врховната рада од 2021 година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

49 годишен Скопјанец нападнат од својот малолетен внук.

Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна...

Полуматуранти славеле крај на основно образование па го запалиле училиштето во Подгорица.

Полуматурантите од основното училиште „Владо Милиќ“ од Подгорица го запалија покривот на таа образовна установа за време на прославата со факели по повод завршувањето...

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Регионалниот центар за управување со кризи – Штип денеска информира дека вчера во 12.30 часот во полициската станица во Берово било однесено неексплодирано убојно...

По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила

Почитувани, По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила ,со звучна и светлосна сигнализација...