9.9 C
Ohrid
вторник, септември 17, 2024
ПочетнаМакедонијаВМРО-Народна е против законите за коридорите, но останува во власта

ВМРО-Народна е против законите за коридорите, но останува во власта

ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски за петте Предлог-закони со европско знаме поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д ќе гласа против, информираше пратеникот од оваа партија Љупчо Балкоски.

Тој истакна дека ги поддржуваат програмите на Владата за изградба на инфраструктурни проекти, но посочи дека не го поддржуват начинот на кој ќе се гради.
Според Балкоски, со донесувањето на овие предлог-закони се исклучува примената на правниот и финансискиот систем во државата, се доведува во прашање значењето и важноста на основниот закон за определување на стратешкиот партнер, посебно што се менуваат суштински членови и се исклучува обезбедувањето на еднакви законски одредби и услови за изведувачите на големи градежни работи, почитувањето на правата на работниците….

-Повторно доставуваме предлог до Владата и истовремено ја охрабруваме да донесе Одлука за изградба на автопатско решение на комплетниот Коридор 8 – од Куманово до ГП Деве Баир, затоа што предлог-законот го дефинира само делот од Тетово до ГП Ќафасан, а не целиот Коридор 8 и изградба на автопатско решение на комплетниот Коридор 10д, од Велес – Прилеп – Битола до ГП Меџитлија. На ваков начин ќе добиеме целосно решение наспроти сегашното парцтијално решение – рече Балкоски.

Воедно, тој додаде дека остануваат во владината коалиција и посочи дека најзначајна работа во следниот период се уставните измени.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во петок литија со икона од Света Гора во центарот на Скопје

Во петок, на 20 септември во Скопје, монасите од Света Гора заедно со игуменот на манастирот Хиландар, преосветениот архимандрит Методиј, ќе донесат копија од...

Претседателката: Видов дека го нема знамето и мислев да си заминам, но ќе направев скандал

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска објасни како дошло до дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата со Румен Радев во...

Семејно насилство во Скопје: Постариот брат го тепал помалиот, а помалата сестра ја претепала постарата..

Во текот на вчерашниот ден биле пријавени два случаи на семејно насилство во едниот постариот брат го тепал помалиот во вториот случај помалата сестра...

Владата пресече: Протестна нота поради отсуство на македонското знаме во Бугарија

Само една седмица откако ги предаде копиите од акредитивните писма, бугарскиот амбасадор денеска повторно беше во Министерствто за надворешни работи. Овојпат за тој да...