9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаБранко Црвенковски има нова идеја за евроинтеграцијата

Бранко Црвенковски има нова идеја за евроинтеграцијата

spot_imgspot_img

Поранешиот претседател Бранко Црвенковски не е оптимист за пробив во евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија. Според него, регионот стои во место нема простор за оптимизам во наредните неколку години. Тој додава дека интеграциите на земјите од Западен Балкан се во застој со повремени мали исчекори.

„За мене се прилично нелогични и без реална поткрепа изјавите, без разлика од каде и од кого доаѓаат, дека ако сега ги отпочнеме преговорите за седум, па дури некои се и поголеми оптимисти и велат за четири до пет години, ќе станеме полноправна членка на Унијата. Или дека војната во Украина создава нов моментум кој ќе го забрза процесот на проширувања. Можеби грешам“, изјави Бранко Црвенковски – поранешен претседател.

Црвенковски нагласи дека највлијателните земји-членки на ЕУ опстојуваат на ставот – прво реформи внатре во Унијата, па потоа проширување. Поранешниот шеф на државата смета дека дополнително неисполнетите ветувања на Брисел го зголемуваат и евроскептицизмот. Затоа, тој предлага нова регионална, пред сè економска иницијатива, која заеднички треба да им се презентира на европските институции.

„За нас, земјите од Западен Балкан е најбитно, а во исто време не задира во и онака компликуваното одлучување во рамки на ЕУ. Тоа е пристап до заедничкиот пазар и пристап до заедничките фондови. Најдиректно кажано, иницијативата би се однесувала на овозможување на овиде две цели. И повторно ќе напоменам за да нема никаква забуна. Ова не би било никаква алтернатива или супституција на полноправното членство во ЕУ“, рече Бранко Црвенковски – поранешен претседател.

Црвенковски, на дебатата „Северна Македонија меѓу Отворен Балкан и Берлински процес – можно ли е побрзо членство во Унијата“, во организација на Советот на амбасадори, порача дека новата иницијатива што ја предлага тој би била преодна фаза до полноправното членство, кое сега го оцени како статус-кво ситуација.

Лука Андреев Alsat

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...