12.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаЗемјоделците останаа без леб оваа година: Штетите од градот врз земјоделските култури...

Земјоделците останаа без леб оваа година: Штетите од градот врз земјоделските култури во Дебрца-Охрид се 100%

spot_imgspot_img

Градоначалникот на Дебрца апелира до Владата и Министерството за земјоделство да се обезбедат средства од интервентниот фонд за земјоделство и да се обештетат земјоделците, во спротивно, како што вели, ова е крај за основната егзистенција.
Силното невреме проследено со врнежи од град во југозападниот регион пладнево ја погоди Општина Дебрца. Извесно е дека градот предизвика штети по земјоделските насади но според градоначалникот Зоран Ногачески истите се огромни.

„ Вакво нешто не сум доживеал во животот,кое денес, ја зафати општина Дебрца,за миг ја однесе во неповрат земјоделската мака. Уште сега со сигурност можам да кажам дека штетите на земјоделските култури се 100%. Нема нешто да остана здраво.“ – вели градоначалникот.

Општината ќе ги спроведе сите стандардни постапки за пријавување на штетите.

„Сепак, тоа не е решение. И во минатото сме правеле вакви постапки,но ретко кога и по години подоцна Владата исплаќала само некој симболичен надомест за штетите.“ – вели Ногачески.

Поради тоа, тој апелира до Владата и Министерството за земјоделство да се обезбедат средства од интервентниот фонд за земјоделство и да се обештетат земјоделците, во спротивно, како што вели, ова е крај за основната егзистенција.

Додава дека потребно е системски да се реши проблемот со осигурувањето на земјоделските култури од вакви елементарни непогоди,кои поради климатските промени во иднина ќе бидат се почести.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...