16.8 C
Ohrid
среда, мај 22, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасовски: 50% од граѓаните ги променија документите со новото уставно име- Република...

Спасовски: 50% од граѓаните ги променија документите со новото уставно име- Република Северна Македонија

Министерот Оливер Спасовски, кој денеска во рамки на активноста „Отворен кабинет“ беше во Тетово, информираше дека над половината од личните документи на граѓаните се променети, со цел во нив наместо Република Македонија, да стои новото уставно име Република Северна Македонија кое произлегува од Преспанскиот договор со Грција.

На новинарско прашање дали може да се избегнат дополнителните трошоци како со регистарските таблици, Спасовски рече дека мора да се платат документите.

– Документите треба да бидат променети до средина на февруари 2024. Веќе над 50 проценти од документите се променети, тоа оди со една добра динамика која ја имаме и тоа е еден личен документ кој го имаме и тој документ лична карта, патна исправа. Начинот на промена мора да биде направен, тоа е детерминирано од Уставот и законите и нема друг начин бидејќи ние сепак за производството на тие документи има ангажирано фирма којашто ги произведува. Тие документи мора да бидат платени. Додека знаете дека за регистарските таблички донесовме одлука со којашто тука практично тој издаток нема да го плаќаат граѓаните и ќе се олесни, така да во секој поглед гледаме што е можно максимално да помогнеме на граѓаните во рамките на можностите, истакна Спасовски.

Министерот информираше дека до крајот на годината ќе има и двојазични униформи кај полицајците.

– Реализација започна на имплементација на сите тие законски решенија и подзаконски акти итн. А ние тоа го направивме во рокот којшто беше предвиден со правилниците. Секако дека сега продолжува како се вршат набавките во однос на униформата, односно ознаките, така и тие ќе бидат променети. Така тоа е постапка во тек. Многу скоро време тоа се завршува. Сега имавме одредени технички проблеми во смисла на преводи и објавувања итн. Сето тоа како се завршува и меѓутоа генерално на подрачјето на Република Северна Македонија секаде веќе се започнати, истакна министерот за внатрешни работи Спасовски во Тетово.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Не сум бил во бегство и не смеам да зборувам за истрагата“, вели Палевски !!

Денеска во Основниот кривичен суд, пред судија на претходна постапка беше спроведен Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски. Палевски...

Палевски спроведен пред судија на претходна постапка

Љупчо Палевски Палчо попладнево е однесен пред судија на претходна постапка. Палевски е осомничен дека за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој е...

ДНК снимија песна во чест на починатите пријатели Мирко и Марјан

Популарното дуо ДНК ја промовираше новата песна ,,Животе брате” која е создадена во чест на нивните пријатели Мирко Петровски и Марјан Михајловски Маци, кои...

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камени мост – засега не е познат неговиот идентитет

Според изјавите на очевидците, телото на мажот било извлечено од страна на полицијата, во строгиот центарот на градот – помеѓу Камениот мост и мостот...