13.6 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаМакедонијаПронајдена исчезнатата македонка во Грција – Се качила во погрешен автобус

Пронајдена исчезнатата македонка во Грција – Се качила во погрешен автобус

spot_imgspot_img

Пронајдена е македонската државјанка за која семеjството бараше помoш на социјалните мрежи да се пронајде.

68-годишната Милица на 09.08.2023 год. тргнала накај Македонија, со автобус требало да патува од Агростоље до Василики во Лефкада, од каде требало да продолжи со брод, но никогаш не стасала, што ги загрижило нејзините блиски.

„Jас требаше да ја чекам во Македонија, но ја немаше“ – изјави нејзината братучетка.

Таа не пристигнала кога требало, но не пристигнала ниту со следниот автобус, кој бил во 15 часот и 15 минути, па роднината ги алармирала сите да ја најдат што поскоро.

Социјалните мрежи повторно помогнаа во пронаоѓањето.

Нејзините роднини за А1он изјавија дека добиле информација од Mакедонци дека жената се наоѓа во автобус и патува од Солун за Македонија и дека е добро.

Пред малку успеале да стапат во контакт со лица кои им испратиле фотографија од жената во автобус, ја прашале како се вика и од каде е, по што било утврдено дека се работи за истото лице Милица Гелова (69).

Се качила изгледа во погрешен автобус. Чекаме да влезе во Македонија за да го вклучи телефонот и да се слушнеме“ изјави за А1он роднина.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Победата е на дофат, да излеземе масовно на избори, заедно да победиме за промени и да го испишеме следното поглавје од приказната за...

Ги слушнавме вашите гласови како одекнуваат низ улиците, одѕвонуваат од желбата за промена и обнова. И денес стојам пред вас, длабоко благодарен од вашата...

Мајката на младата Македонка која доживеа мозочен удар со порака која го кине срцето

Двесет и четири годишната Елена Маџова од Свети Николе лекувањето го продолжи во Турција, откако хуманите граѓани на нејзиниот роден град организираа низа на...

Снежана Михајловска: Имав само 5 години кога бев силув*на, а човекот се вика Борче Трпковски !!!!

Снежана Михајловска во поткастот на Лазаров го кажа со име и презиме човекот кој пред 40 години ја силувал во неговиот дом! Таа имала...

Давкова до Пендаровски: Јас ви го признав резултатот, вие умрете барем машки

Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова денеска се соочија во „Претседателска дебата“ на ТВ21. Силјановска Давкова му порача на својот противкандидат, кој...