15.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаСе е подготвено за 36. издание на Охридскиот пливачки маратон

Се е подготвено за 36. издание на Охридскиот пливачки маратон

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вкупно 15 пливачи од 6 држави ќе земат учество на 36. издание на Охридскиот пливачки маратон. Стартот е закажан за 10 часот во Св. Наум, а ќе се плива по 25 километарската патека „Климе Савин“, додека целта е на Кеј Македонија.

<

– Голема е честа и задоволството како градоначалник, но и како организационен одбор, оваа година да се собереме по втор пат и втора година по ред да го организираме Охридскиот пливачки маратон. Она што минатата година го поставивме и го испочитувавме како услови за пливачите, награден фонт, сместување, превоз и слично, придонесе за зголемување на квалитетот и бројот на пливачите кои што ќе пливаат на овогодинешното издание, истакна градоначалникот Кирил Пецаков на денешната прес конференција.

Како новитет оваа година на Охридскиот маратон е и воведувањето на два летечки спринта. За најдобрите на овие мерни точки е предвидена дополнитеплна награда од по 500 евра.

– Организатор на оваа пливачка манифестација е Општина Охрид во соработка со Нациналната пливачка федерација и Агенција за млади и спорт. Технички организатор е Клубот за спортови на вода Охридски бранови 2008. На Охридскиот пливачки маратон ќе учествуваат 15 пливачи од 6 држави и тоа по 2ца од Аргентина и Турција, 3ца од Италија, по 1 од Холандија и Франција, додека од Македонија ќе учествуваат 6 пливачи. Од нив во женска конкуренција се 6 пливачки, а 9 во машка. Наградниот фонд изнесува 12 000 евра, распоредени 1во место 2500 евра, 2ро место 1500 евра и 3то место 1000 евра, рече Ристе Јанкоски, претседател на организациониот одобор.

Во рамки на програмата на Охридскиот пливачки маратон повторно е и младинската работилница на програмата за развој на Обединетите нации и СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Работилницата започнува во 14 часот на Кеј Македонија.

– Пливачите од 10 часот до кај 15 -16 часот ќе пливаат во Охридското езеро и се надевам дека и на стартот и за време на трката и на целта ќе има публика која што ќе ја поддржи оваа манифестација, која што долги години е најдобра манифестација во Македонија. Знаете дека во изминатите години и децении грижата за оваа манифестација не беше како што треба. Оваа година имаме квалитетни пливачи и мора да забележам дека ова доаѓа во најтешкиот момент на маратонското пливање, кога овие трки се тргнаа од ФИНА гран при серијата. Во овие две години гледам дека се создава една екипа со која што може да се работи на некои поголеми работи за да ова прекрасно езеро и овој прекрасен град да прераснат во центар на светското маратонско пливање, подвлече Томи Стефаноски.

Прогласувањето на победниците е во 20:00 часот во дворот на хотел Палас, каде е предвидена и културно – уметничка програма со настап на КУД „Отекс“ кои годинава одбележуваат јубилејни 40 години постоење и настап на Ансамбл „Билјана“. Програмата ќе биде збогатена и со штандови на „Слоу фуд“ каде посетителите ќе може да уживаат во вкусот на македонската традиционална храна.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...