13.3 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаМакедонијаЈордан Митев откажа настап во организација на СДСМ: Не ми кажаа дека...

Јордан Митев откажа настап во организација на СДСМ: Не ми кажаа дека настанот е партиски одбележан!

spot_imgspot_img

Фолк музичарот Јордан Митев нема да настапи во Пеленица на Денот на независноста, иако неговото гостување беше најавено, бидејќи, како што тврди, сфатил дека се работи за партиски одбележан настап, кој имал партиска цел.

Веста дека го откажал гостувањето ја објави на својата страница, и појаснува дека Денот на независноста според него е празник на сите граѓани и не смее да се политизира и одбележува со партиски симболи.
Да се настапи на Денот на независноста на мојата земја Македонија, како автор и изведувач на македонска музика за мене е голема чест. Тој празник е за сите кои што си ја сакаат и почитуваат својата земја и истиот сметам дека не треба да биде политизиран или обележуван со партиски симболи.

За оваа година имав неколку понуди за да настапам по повод престојниот празник. Едната е утре на плоштадот Автокоманда (четврток, 7-ми септември со почеток од 19:30 часот), а другиот настап требаше да биде на 8-ми Септември во Пеленица – Скопје.

Не знам дали е намерно или ненамерно, но како што гледам по најавите на организаторите настанот на 8-ми Септември е партиски обележан и истиот има одредана партиска цел, а за тоа не ми беше кажано. Бидејќи се чувстувам намерно или ненамерно изманипулиран како човек и како професионалец, сакам да ве информирам дека нема да учествувам на 8-ми Септември во Пеленица – информира Митев.

Инаку, организатор на настанот „Традиционален пикник во Пеленица” по повод 8. Септември, Денот на независноста на Македонија е Општинската организација на СДСМ – Кисела Вода.

Најавени се настапи на Сања Барби, Сузана Гавазова, Адријана Кеш, Благоја Грујовски и други фолк музичари.

Вики Клинчарова Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...