5.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаУбиената жена во Кочани е мајка на три деца: Убиецот бил смртно...

Убиената жена во Кочани е мајка на три деца: Убиецот бил смртно болен од рак и постојано ѝ се заканувал

spot_imgspot_img

Врската со нејзиниот убиец, 56 годишниот кочанчанец У.Р. за 43 годишната мајка на 3 деца од Кочани Т.М. за неа била најголема, а сега се испоставува и кобна грешка во животот, откако утринава со 40 убоди од нож таа е убиена пред својот дом, објави Телевизија Стар.
Направив голема, голема грешка во животот впуштајќи се во врска со него. Се’ би дала во животот тоа да не се случеше, но ете згрешив и се случи, се доверувала Т.М. на својата блиска пријателка
Освен неброените пари во изминатите седум години кои била принудена да му ги дава на својот убиец, Т.М. секојдневно се плашела за нејзиниот живот.

Ми се заканува и ден и ноќ, не можам да работам, да спијам да живеам. Ме прогонува страв и срам, немам сила да се борам и многу сум исплашена. Не знам сето ова кога и како ќе заврши, се жалела убиената Т.М.

Од друга страна, осомничениот за убиството, 56 годишниот У.Р. бил вработен као пеглач во кочанската конфекција „Амор“. Бил силно погоден од раскинот на врската, постојано ја следел, а честопати и бил пред нејзината куќа. Тоа што таа го пријавила него воопшто не го загржило, бидејќи наводно тој бил болен, односно имал рак на простатата, објави Телевизија Стар.

– Јас нема да живеам, но нема да живее и таа, често се заканувал осомничениот. Свирепото убиство денес го потресе Кочани и цела Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...