18.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЛамбе Алабаковски: Имам закани по живот, но не се плашам - Си...

Ламбе Алабаковски: Имам закани по живот, но не се плашам – Си ја сакам Македонија, макар и еден ден ме убиле

spot_imgspot_img

Пејачот Ламбе Алабаковски по неколкугодишниот престој во Америка повторно се врати дома со своето семејство. Иако се занимава само со музика, во „Жешко столче“ октри дека е дел од политички хајка, потенцирајќи дека постојано добива закани по неговиот живот.

– Тука воопшто не се заработува. Ако се работи нормално платата му следува на работникот и господарот треба да му ја даде. Тука нормално нема споредба со платите со Америка, колку таму земаат и остануваат и колку тука земаат и остануваат. Живееме во едно тешко време во кое доминира политиката, особено за нормален човек со нормална работа. Гледајќи сега овие две години откако се вратив, прво не се вратив воопшто за да заработувам пари. Особено гледајќи го ова лето кога имав многу настапи, кога ќе направи човек математика и речиси и да не останува ништо. Бидејќи јас не сум вработен, друга работа немам, и мојата сопруга исто не е вработена, имаме поддршка од фамилијата. Последно имам многу закани, и на почеток, но и сега. Тоа се последиците. Во пораки на некои реални профили на Инстаграм, на Фејсбук. Не се плашам, макар и еден ден ме убиле, бидејќи си ја сакам својата земја и тоа ќе биде дека сум загинал за неа. Да влезам и во знајни и незнајни, не е битно, битно е дека ме лишиле од живот поради својата земја. Не се плашам, но непријатно е, секој втор ден да имаш такви закани, вели Ламбе во емисијата „Жешко столче“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...