18.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаПочина легендарниот македонски хуморист Војче Китаноски.

Почина легендарниот македонски хуморист Војче Китаноски.

Почина легендарниот македонски хуморист Војче Китаноски. Хуморот беше и остана негов заштитен знак. Пет децении ја развеселуваше македонската публика со неговите шеги и незаборавни имитации. Војче дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје, а подоцна и на туризам по желба на неговите родители.

Од 1985 до 1991 година соработувал со легендарниот српски пејач Тома Здравковиќ и гостувал на стотици негови концерти на просторите на некогашна Југославија. По игра на случајноста, во 1983 година во Штип, менаџерот на Мики Јевремовиќ го ангажирал да гостува на сите десетина концерти на познатиот пејач во Македонија, што за него била голема отскочна штица. Подоцна Мики го ангажирал да го придружува и на концерти низ поранешна Југославија и на некој од нив го забележал менаџерот на Тома Здравковиќ.

– Тома Здравковиќ беше исклучителен човек, добар, неповторлив, единствен… Се разбира не беше совршен, како што не е никој од нас. Неговите песни за него беа смислата на животот и концертите на кои ги пееше. Беше магнет за жени, со шест промашени брака зад себе, но и магнет за пороци. Живееше брзо и бурно, па во една пригода неговиот колега Мирослав Илиќ го праша: „Томо, застани малку, што ќе правиш кога ќе остариш? “, а тој му одговори: „Тогаш мене нема да ме има“! И затоа мислам дека филмот е убав и буди многу чувства кај гледачите, бидејќи и животот на Тома Здравковиќ беше таков. – раскажуваше Војче.

На Китановски секогаш истакнуваше дека само хуморот е најдобра вакцина и спас од вирусот.

– Хуморот го продолжува животот. Тоа е научно докажано. Јас се занимавам со хумор 50 години, а поради тоа ќе се занимавам уште 500 години. На народот во државата му значи хуморот. Тој е најдобриот лек. Го има и во законите, каде што е пропишана „дозата“ што секој граѓанин пред пандемијата требаше да ја прими преку спортот и забавата, а во второто влегува хуморот – вели Китановски.

Денот на независноста 8 Септември во 2017, тој ги пречекуваше граѓаните облечен како Тито.

– Македонци, дојде Тито да ви го честита празникот 8 Септември“, им велеше Китановски на граѓаните кои влегуваа во дворот на Владата и голем број од нив застануваа и се сликаа со него, а тој ги поздравуваше како маршалот. – велеше во негов стил.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам, вели Димитриевски

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија одржа прес конференција на која, претседателот на Движењето, Максим Димитриевски, ги реафирмираше државните приоритети на партијата, преточени во...

Само заедно можеме да создадеме иновативни проекти, да се бориме за заштита на околината, да ги поддржуваме малите бизниси-УМС на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Заедно, можеме да создадеме иновативни проекти, да се бориме за заштита на околината, да ги поддржуваме малите бизниси и да го градиме општеството кое...

Мицкоски: По победата следува одговорност за сите кои направиле криминал

И на митинзите јавно зборувам одмазда не ми паѓа на памет да има, имаме многу работа пред нас, тоа е државата да си ја...

Максим со отворено писмо до секој дом !!!

Движењето за наша Македонија-ЗНАМ, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски овој пат се обрати со отворено писмо до јавноста !!!