14.9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаДимитриевски: Не прифаќам истополови бракови, но секој може да прави што сака!

Димитриевски: Не прифаќам истополови бракови, но секој може да прави што сака!

spot_imgspot_img

Кумановскиот градоначалник и идеен творец на политичката партија Движење ЗНАМ, Максим Димитриевски, вели дека истополовите бракови се неприфатливи, а против е и за менување на полот кое би било финансирано од буџетски пари.

-Секој може да прави во својот живот што сака и да живее на начин како што тој ќе определи согласно законот, Уставот и сите правни акти кои се на сила. Јас потекнувам од едно традиционално семејство, за мене такво нешто е страно, сум немал такво искуство, велат луѓето го менуваат својот став или мислење кога тоа ќе го почувствуваат на сопствена кожа – рече Димитриевски на „360 Степени“.

Тој додаде и дека има соработници кои се припадници на ЛГБТИ-заедницата и дека нема негативно мислење за нив како индивидуи, но проблемот во тоа што, според него, движењето е пренагласено и наметнува одредени ставови и мислења на останатите луѓе кои се хетеросексуалци.

-Сите оние паради кои се организираат и сите тие организации го пренагласуваат овој проблем, со што само се создава дополнителна фрустрација кај мнозинството за одбивност, бидејки гледаме што се случува во регионот и традиционалните средини како нашата, луѓето се самоорганизираат и паралелно со парадите на гордоста, организираат паради на семејствата – вели тој.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче се шегува, или е сериозен?!- Патот Градско – Прилеп му се видел готов. (Видео)

МАРКУКУЛЕ - Тука вистината ви е на дланка. дома Вести ВестиМакедонија Филипче се мајтапи? Патот Градско – Прилеп му се видел готов (ВИДЕО) од страна на markukule-...

Градоначалникот Ногачески: Почитувани сограѓани – православни христијани, Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник Велигден !

Почитувани сограѓани – православни христијани, Христовото Воскресение, како најторжествен христијански празник, кога ја славиме победата на животот над смртта, нека Ви донесе радост, среќа,...

Гоцевата дружина- Објавена е уште една непозната фотографија од македонската историја

Истражувачите Диме Ратајковски и Душко Дуле Апостолски по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер и идеолог Гоце Делчев, за првпат од нивната приватна...

Давкова: Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев!

Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев! Никогаш нема да дозволиме некој во наше име да ја...