12.9 C
Ohrid
вторник, мај 14, 2024
ПочетнаМакедонијаГолемиот Македонец не доби вечен дом во земјата каде почива неговата мајка-Во...

Големиот Македонец не доби вечен дом во земјата каде почива неговата мајка-Во Софија почина Македонецот кому Владата не му дозволи да почива во Скопје

ЖАЛНА ВЕСТ: ЗВЕЗДОМИР СТЕФАНОВ ДИКИЏИЕВ 1932-2023

На 19 октомври 2023 година, во Старски дом во Софија, почина Звездомир Стефанов Дикиџиев на 91 година. Погребот по службеност е извршен на 3 ноември 2023 година на градските гробишта во Софија и покрај барањата на неговиот ополномоштеник Драган Трајчевски, да биде кремиран а неговата урна да се однесе и погреба во гробот на неговата мајка Кераца Висулчева на гробиштата Бутел во Скопје, Македонија, јавува Светскиот Македонски конгрес.

Звездомир Стефанов Дикиџиев беше неженет, живееше сам во Софија, немаше наследници, цел живот работеше во кантина на државниот Студентски дом во Софија. Неколкупати бил физички нападнат бидејќи се декларирал за Македонец, а еднаш бил и ограбен во неговиот дом.

Звездомир Стефанов Дикиџиев беше мирен човек, го следеше македонското во себе, како и мајка му Кераца Висулчева, се декларрираше за Македонец, затоа и страдаше дискриминиран во Бугарија.

Светскиот Македонски Конгрес на 25 февруари 2021 година во негово име поднесе барање до претедателот на Македонија Стево Пендаровски, премиерот на Македонија Зоран Заев и министерката за култура Ирена Стефоска да му доделат владин еднособен стан на доживотно користење и да ја исполнат неговата последна желба, да биде погребан во гробот на неговата мајка Кераца Висулчева на градските гробишта “Бутел“ во Скопје. Меѓутоа, Владата до неговата смрт не го реши неговото барање.

Звездомир Стефанов Дикиџев и Светскиот Македонски Конгрес на 15 јуни 2003 година ја основаа Фондацијата “Кераца Висулчева“, заради трајно одбележување на името и делото на академската сликарка Кераца Висулчева, родена на 7 април 1911 година во село Нестрам, Костур, Егејскиот дел на Македонија, а почината на 13 јануари 2004 година во Скопје, и погребана на градските гробишта Бутел во Скопје, до гробот на поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски.

Целокупното творештво на мајка му Кераца Висулчева од над 500 дела (слики, пастели, акварели и скулптури) е предадено во трајна сопственост на Македонската држава во времето на претседателот Киро Глигоров, кој го организираше нејзиниот транспорт и и’ ја исполни последната желба, крајот на својот живот да го одживее во Скопје, Македонија. Нејзина последна желба беше уметничките дела да не се продаваат, туку да останат дел од националното богатство на државата Македонија. Нејзините дела денес се наоѓаат во Музејот на Македонија и во Сарајот во Ресен. Дел од нејзиното творештвото се наоѓа и во Музејот Лувр, Франција.

Последната година од нејзиниот живот, сместена во Домот за стари лица во Ѓорче Петров, за неа се грижеше претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров во кој стекна голем пријател и голема доверба, со него сподели многу моменти од нејзиниот живот. За жал, нејзината душа замина во Царството Небесно меѓу ангелите над нејзината вечна инспирација Македонија – единствена и обединета!

– Не сум јас таканаречена, јас сум Македонка, – знаеше често да рече Кераца.

Во Скопје, беше сместена во стан на Владата на Република Македонија на Булевар “Јане Сандански” број 12/2-3 во Скопје, по препорака на тогашниот Претседател на Републиката г. Киро Глигоров. Мајка ми му изработи дури и биста на Претседателот на Републиката г. Киро Глигоров. За време на животот, од Бугарија во Македонија со дипломатска пошта е пренесена целата оставина на мајка му Кераца Висулчева, повеќе од 500 слики, огромни платна портрети и пејсажи од Егејското Море, кои се депонирани и се уште се наоѓаат во Музејот на Македонија. По нејзината смрт, остана станот на Булевар “Јане Сандански” број 12/2-3 во Скопје, во којшто тогаш се наоѓаа нејзините ствари, намештај, некои слики и бисти. Со тогашниот министер Благоја Стефановски се договориле како компензација, за откажување од оставината на мојата мајка, да го добијам во сопственост или користење станот кој таа го користеше на Булевар “Јане Сандански” број 12/2-3 во Скопје. На 15 јуни 2006 година, доставил барање до Министерството за култура за оставината на мајка му и станот. На 22 јануари 2007 година Звездомир Стефанов Дикиџиев бил во Министерството за култура, заинтересиран за решението по овој предмет по претходно постигнатиот договор, меѓутоа повторно не добил никаков одговор. Бидејќи не можел постојано да седи во Скопје без стан, а поради негови обврски во Софија, заминал за Бугарија.

И после се’, Боже на духовите и на секое тело, успокој ја душата на починатото твое чедо и наш брат во Господа Звездомир Стефанов Дикиџиев, прости му ги прегрешенијата волни и неволни, направени со збор, со дело или со помисла, и како Благ и Човекољубив, насели ја неговата душа во место светло, место блажено, место мирно, место каде што почиваат душите на праведниците, место каде што нема ни жал, ни воздишка, но живот Бесконечен…

Светскиот Македонски Конгрес изразува искрено жалење и сочувство за смртта на Звездомир Стефанов Дикиџиев. Вечна му памјат и Бог да го прости. Амин…, стои во објавата на Светскиот Македонски конгрес.

Звездомир Стефанов Дикиџиев е роден на 8 март 1932 година во Софија, Бугарија. Звездомир Стефанов Дикиџиев е прво дете од Стефан Дикиџиев и Кераца Висулчева. Неговиот втор помал брат Стефан Дикиџиев живее во САД.

Звездомир Стефанов Дикиџиев беше и македонски државјанин. На 7 февруари 2002 година Министерството за внатрешни работи на Македонија му издаде и македонско државјанство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци: жртвите пронајдени со повреди на главата, со убодни рани најден и осомничениот

Денеска во 12.30 во СВР Скопје било пријавено дека во село Стајковци, скопско, на тераса и на скали во домот со повреди на главата...

Андријана Јаневска стана доктор на науки- 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголема поддршка

Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд работев девет години и успеав да заштитам над 150 македонски народни...

Двојно убиство во скопско Стајковци !!!

Двојно убиство попладнево се случило во скопско Стајковци. Неофицијално маж си го убил братот, како и сопругата на другиот починат брат. 4news

„Храбро за Македонија“: Украдени ни се преку 600 гласови

На коалицијата „Храбро за Македонија“ од три избирачки места и се украдени повеќе од 600 гласови, информираа денеска нејзините членови. Тие најавија тужба до...