16.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаНема лекарска грешка во случајот со починатото новороденче од Прилеп, се тврди...

Нема лекарска грешка во случајот со починатото новороденче од Прилеп, се тврди во извештајот на ДСЗИ

spot_imgspot_img

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) не констатираше пропусти при вонредниот инспекциски надзор во Болницата во Прилеп, кај матичниот гинеколог на родилката и на Клиниката за детски болести во Скопје за случајот со новороденчето кое почина од сепса. Во трите здравствени установи, медицинската документација и за родилката и за бебето е уредно водена, велат од ДСЗИ, а контролите се спроведени во присуство на сите здравствени работниците.

„При вонредните инспекциски надзори не се констатирани недостатоци кои се во надлежност на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Со оглед на фактот дека ДСЗИ нема надлежности во стручниот дел на работата на здравствените работници, доставена е информација до Министерот за здравство со иницијатива за вршење на стручен надзор“, се наведува во извештајот на ДСЗИ.

Во извештајот во детали се опишува хронологијата на настаните од раѓањето на бебето на 27 октомври во болницата во Прилеп, до неговата смрт на 5 октомри на Клиниката во Скопје. Се наведува дека мајката е породена по природен пат, затоа што немало индикации за царски рез. Родила здраво машко дете кое добило високи оценки за здравствената состојба, која се влошила на 30 ноември. Тогаш бебето со возило на итната помош е префрлено на Детската клиника во Скопје.

„Надзорот не констатирал забелешки ниту во документацијата која се однесува на превентивни мерки за спречување на интрахоспитални бактерии во прилепската болница. На Клиниката во Скопје бебето е донесено во исклучително тешка состојба. Изолирана е бактеријата ешерихија коли во дишните патишта и ставено е на антибиотска терапија, но хемокултурите биле негативни. На 5 ноември во вечерните часови поради влошена сосотјба, бебето било реанимирано. Но, вториот обид за оживување бил безуспешен, по што е констатирана смрт“, се наведува во извештајот на ДСЗИ.

Родителите на новороденчето обвинија за лекарска негрижа во Болницата во Прилеп и категорично ја отфрлија можноста дека инфекцијата кај бебето е пренесена од мајката, затоа што таа имала уредна бременост, што констатира и ДСЗИ при вонррдниот надзор кај матичниот лекат на родилката.

Прилепското јавно обвинителство отвори предмет за случајот, по пријава на родителите на новороденчето, кое почина десет дена по раѓањето.

Емилија Мисирлиевски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...