10.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаПоследните зборови на д-р Елена Етингер- Каваева: „Јас не учев и не...

Последните зборови на д-р Елена Етингер- Каваева: „Јас не учев и не дојдов тука да печалам, ами да лекувам болни, да бидам од полза за народот….

spot_imgspot_img

„Јас не учев и не дојдов тука да печалам, ами да лекувам болни, да бидам од полза за народот….“ ова е познатата реченица на д-р Елена Етингер- Каваева, Еврејка која за време на бугарската окупација во 1941 година заедно со нејзината ќерка Рејна била на списокот за депортација во логорот Треблинка, каде што биле испратени 7.144 Евреи од Македонија. Тогаш видни охридски семејства превзеле акција да ја спасат познатата лекарка и нејзината ќерка. Се собирале потписи и во Охрид и во Струга, иако тогаш струшките потписи не важеле, бидејќи тие биле под италјанска окупација. Од неколкумина охриѓани петицијата била однесена во Софија и лично му била предадена на цар Борис. Така биле спасени Елена и Рејна кои продолжиле да живеат во Охрид.

Родена е во градот Ченстохова, денешна Полска, на 16-ти март 1893 година. Учела во Берн, а од 1910 година во Берлин, кадешто запишала студии по медицина. Кон крајот на 1913 докторирала. Почетокот на Првата светска војна ја затекнала во Берлин, од каде на 15-ти јануари 1915 година заминала за Русија. Откако две недели барала работа, живеејќи само на топла вода и сув леб, нашла работа како лекар во 169-та Воена болница. Таму го запознала Владимир Каваев, кој подоцна и станал сопруг. Учествувала во уличните демонстрации во Петроград кога избувнала октомвриската револуција и до 1920 година била во Русија, работејќи на страната на револуционерната власт. Била активен учесник во Октомвриската револуција во Русија, личен пријател на Ленин, уште од годините кога тој живеел во Швајцарија.
По завршувањето на револуцијата носталгичниот Каваев сакал да се врати дома, во својата Македонија. Младите лекари најпрво отишле во Полска кај родителите на Елена. Во Струга пристигнале во 1923 година. По враќањето во родното место на Владимир, заедно со Елена се зафатиле да ја искоренат маларијата која сеела смрт во градот и селата крај Струшкото блато. Да не била екстремната педантност на д-р Каваева, немало да биде победена маларијата во Охрид, Струга и пошироко. Како градоначалник на Струга, доктор Каваев донел и багер за да се ископа коритото на Црн Дрим и за да се повлече водата од мочуриштето кое било легло на комарци кои ја ширеле маларијата. Тогаш Владимир и Елена ја отвориле првата амбуланта во Струга.

Лекарската двојка Каваеви – Владимир како хирург, а Елена како педијатар биле единствените лекари од Македонија кои имале дозвола да лекуваат во Албанија. Во 1927 година, Каваеви се преселиле во Охрид. Прераната смрт на Владимир ја натерала Елена со невидена страст да ѝ се посвети на професијата. Нејзина најголема љубов биле децата. Таа е основоположник на педијатријата во Македонија, а во 1947 година станала шеф на првиот детски диспанзер во Охрид. Се пензионирала во 1966 година.

Елена Етингер- Каваева починала на 2-ри февруари 1983 година, на 90 години. По смртта, ќерката Рејна решила да ги донесе посмртните останки на својот татко од Загреб за да почиваат заедно во Охрид. Д-р Елена се вбројува меѓу основоположниците на современото здравство во Охридскиот крај, во нашата земја, а и на пошироките балкански простори. Ќе остане запаметена како исклучителна жена хуманист. Ќе ја паметат и по строгоста и советите што им ги делела на жените да раѓаат.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...

„Народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа“, рече...

„Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни,...

Уапсен скопјанец кој со ловечка пушка им се заканувал на жители на Богомила

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, уапсија 36 годишен скопјанец кој со ловечка пушка им се закнувал на жители од село Богомила. На 03.05.2024 во...