23.9 C
Ohrid
вторник, мај 21, 2024
ПочетнаМакедонијаМинистерката Тренчевска доживеа сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш, повреден нејзиниот возач

Министерката Тренчевска доживеа сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш, повреден нејзиниот возач

Вчера во 17.28 часот во СВР Штип е пријавено дека на патот Штип – Радовиш, во близина на с.Лакавица, штипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Влада на Република Северна Македонија, управувано од Г.А.(53) од Скопје, во кое се превезувала министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и вработена во кабинетот Н.Д. од Скопје, и патничко возило „фолксваген пасат” со швајцарски национални ознаки, управувано од М.Ј.(48) од с.Мокриево, Општина Ново село, со четири сопатници во возилото.
Во сообраќајната незгода со телесна повреда се здобил возачот на шкодата Г.А., констатирана од лекар од Итната медицинска помош Штип. Досега не се пријавени повреди од друго лице.

Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Штип и јавен обвинител.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Палевски спроведен пред судија на претходна постапка

Љупчо Палевски Палчо попладнево е однесен пред судија на претходна постапка. Палевски е осомничен дека за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој е...

ДНК снимија песна во чест на починатите пријатели Мирко и Марјан

Популарното дуо ДНК ја промовираше новата песна ,,Животе брате” која е создадена во чест на нивните пријатели Мирко Петровски и Марјан Михајловски Маци, кои...

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камени мост – засега не е познат неговиот идентитет

Според изјавите на очевидците, телото на мажот било извлечено од страна на полицијата, во строгиот центарот на градот – помеѓу Камениот мост и мостот...

Запален автомобил на полицаец од Велес

Автомобил во текот на ноќта целосно изгоре на улицата „Милан Страчковски“ во близина на плоштадот „Којник“. Причините зошто возилото се запалило се уште се непознати. Батали.нет...