16.7 C
Ohrid
сабота, јуни 21, 2025
ПочетнаМакедонијаВлезниците за Ромски бал се „солени“- Висока маса 300 евра со вклучен...

Влезниците за Ромски бал се „солени“- Висока маса 300 евра со вклучен пијалок !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Љубителите на традиционалниот Светски Ромски бал, кој на 18-ти јануари по 44-ти пат ќе се одржи во Скопје, веќе се подготвуваат за настанот. Како и во годините наназад, се очекуваат гости од цела Европа, средени во блескави тоалети, кои во хотелот Александар Палас ќе ги забавуваат Цеца, Теа Таировиќ, Џогани, Мухарем Сербезовски, Таркан, Џефрина.

<

Настанот за првпат го организираше пратеникот и претседател на Сојуз на Ромите во Македонија, Амди Бајрам, а по неговата смрт на чело на организацијата е неговиот син Габриел Бајрам.
Оние кои веќе биле дел од гостите на балот во минатото, знаат да кажат се работи за манифестација која поминува во знакот на раскошот и добрата забава. Голем број на политичари и јавни личности од забавниот живот може да се забележат секоја година на балот, за кој влезниците веќе се пуштени во продажба.

Околу тоа колку изнесува една влезница, односно колку средства се потребни за да се биде дел од Ромскиот бал, како што велат наши соговорници кои се редовни гости, бидејќи станувало збор за голем настан, и картите се продавале по цени кои се соодветни за пригодата.

Масите за стоење, познати како коњопој, за шест лица со вклучено шише алкохолен пијалок изнесуваат 300 евра, односно по 50 евра од лице. За оние пак, кои сакаат мени карта, на маса за седење, за едно лице билетот изнесувал 150 евра.
Извор: Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема повеќе возење по стариот пат: Патот од Подмоље до Охрид од вечерва се пушта за сообраќај.

Патот од Подмоље до Охрид од вечерва се пушта за сообраќај. Со директорот Коце Трајановски извршивме увид во изградбата на автопатот Кичево – Охрид ...

Силно невреме со град и пороен дожд го зафати Охрид – поплавени улици и нарушен сообраќај

Силно невреме проследено со град и обилен дожд го погоди Охрид денес попладне, предизвикувајќи проблеми во сообраќајот и поплави на повеќе улици во градот. Во...

Наместо казна затвор, градоначалникот Мерко треба да плати 10.000 евра, бидејќи незаконски поставувал директори !!!

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко доби парична казна од 10.000 евра за незаконското поставување директори на училиштата во Лабуништа, Радолишта и Подгорци. Судијата Јордан...

Таков каков што сум’’ – aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев

Автобиографијата на Кочо Анѓушев е личен приказ на човек кој влегол во бизнисот пред 20 години со тоа што го слушал и учел од...