5.9 C
Ohrid
понеделник, февруари 10, 2025
ПочетнаМакедонијаНов тарифник: Повисоки цени за склучување на брак во матично

Нов тарифник: Повисоки цени за склучување на брак во матично

spot_img

Новиот тарифник, кој стапи на сила од пред пет дена, е изненадувачки удар по џебот на младите кои планираат да стапат во брак.

<

Поскапувањето на услугите за склучување на брак на терен ги изненади идните младоженци. Тоа доаѓа поради зголемувањето на просечната плата во земјава.

Па така, ако според стариот тарифник, склучувањето на брак на терен од понеделник до петок чинело 3736 денари, сега тоа ќе чини 4765 денари.

За време на викенди и државни празници старата цена била 7472 денари, а новата цена е за над 3.000 денари повисока и изнесува 10.484 денари.

Луѓето кои уплатиле пред донесување на новиот тарифник, им стигнало известување дека мора да доплатат ретроактивно, со цел израмнување на цените со новиот тарифник. Првиот човек на Управата, Емир Сулејмани ни истакна цените мора да се прилагодат со новиот тарифник, според правилникот на Управата од 2011 година.

Инаку, кога станува збор за склучените бракови во Македонија, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека, тој се намалил во 2023 година и лани имало 12.882 бракови, што е за 3.4 отсто помалку во споредба со 2022 година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мвр на терен: Го претепале па му ги одзеле патиките и јакната !!

Денеска во СВР Скопје, 54-годишната Љ.П. пријавила дека нејзиниот малолетен син бил ограбен од непознати лица во периодот од 01.30 до 04.20 часот откако...

Николовски: Во Скопје, Охрид и Битола ќе градиме 4 згради со цел да ја симнеме цената за M2.

Во Скопје ќе се градат 4 комерцијални згради, во Охрид и Штип по една. Во Битола од понеделник започнуваме со продажба на државни комерцијални...

Родителите на штипјанката Емилија: Кога ќе излезе ќерка ми од гроб, тогаш убиецот нека излезе од затвор

Еден наркоман и коцкар ми го уби детето! Беше пријавуван за насилство и порано, ја тепаше, ја малтретираше, ја пречекуваше пред суд, за да...

Денес ќе биде осуден убиецот на Емилија Пешева.

Во Основниот суд во Штип денеска почнува судењето против Фадил Зејнелов, кој на 1 ноември 2024 изврши убиство na 29-годишната Емилија Пешева. Според истрагата на...