12.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаУбиен таткото на Гани Туша кој е во затвор за убиството на...

Убиен таткото на Гани Туша кој е во затвор за убиството на Оки

spot_imgspot_img

Вечерва во автомобил со автоматско оружје е пукано во маж кој им подлегнал на повредите.

-Во 18:10 во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Според првичните неофицијални информации, убиен е таткото на Гани Туша, лицето кое се наоѓа во затвор поради убиството на Орхан Бајрами – Оки.

Пред убиството на таткото на Гани Туша, ноќеска имало пожар во кафулето „Барон“ чие име го носи и криминалната група од Чаир, објави Телма.

Според телевизијата, на групата „Барон“ припадник е и сега притворениот Гани Туша, чиј татко беше пронајден убиен во автомобил во близина на селото Горно Блаце. Поради тоа се истражува и евентуална поврзаност на пожарот со убиството во Блаце.

Пожарот бил пријавен рано утрово околу 4 часот по што едно возило на противпожарната бригада интервенирало и за околу 40-тина минути го изгаснало пожарот.

Доцна попладнево е најдено телото на 56-годишниот Туша во Блаце. Неговиот син Гани Туша е во притвор во Скопје под сомнежи дека учествувал во двојното убиство во Шиша бар и во убиството на Халкидики кога беа ликвидирани тројца од кои двајца водачи на ривалската група Дуќанџик/Грчец.
Војната меѓу двете скопски криминални групи само минатата година резултираше со најмалку 4 убиени во пресметките и заседите во Скопје, Косово и Грција Со уличната гангстерска војна беа поврзувани и нападите врз Штекли во Ист гејт молот, како и повеќе убиства извршени во претходните 12 години. Мотивот за престрелките е борба за скопскиот нарко пазар, беа сомнежите на полицијата која на почетокот на годината направи акција за апсење на членови на групата Грчец.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...