18.9 C
Ohrid
недела, мај 5, 2024
ПочетнаМакедонијаИ покрај упат дежурниот лекар не ја примил -има прекршувања во случајот...

И покрај упат дежурниот лекар не ја примил -има прекршувања во случајот со почината стружанка од коронавирус

spot_imgspot_img

Има прекршувања во случајот со почината стружанка од коронавирус која и покрај тоа што имала упат од матичниот лекар не била примена во охридската болница, извести денеска Иринка Сотирова – Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Вонредниот надзор во болницата кој почна вчера се уште трае, а комплетен извештај директорката најави дека ќе има до крајот на денот.

„Од досега добиените информации ќе ви потврдам, да, утврдено е прекршување во однос на неовозможување на здравствена заштита на пациент кој побарал здравствена заштита. Се однесува на здравствен работник кој бил дежурен во времето кога пациентката е донесена на преглед. Точен е податокот дека матичниот лекар за пациентката има издадено упат на 25 месецов. За сите други прашања ќе можам да одговорам и ќе го информирам и министерот во целокупниот извештај кој ќе биде подготвен денеска, затоа што изјави од лицата кои вечерта работеле или дежурале, тој ден или следниот ден во охридската болница, се уште се земаат“, рече директорката Сотирова – Бухова.

Во инфективното одделение во охридската болница работат тројца специјалисти и двајца специјализанти како високомедицински кадар, доктори и повеќе сестри.

„Одговорноста која ќе ја имаат и ќе се утврдува понатаму, ќе се утврдува од страна на ДСЗИ по членовите кои се овозможени од Законот за здравствена заштита“, најави директорката Сотирова – Бухова.

Таа извести дека Обвинителството иако јави дека има постапка за починатата стружанка, се уште не побарало информации од Инспекторатот.

„Ние како Државен санитарен и здравствен инспекторат обврзани сме да ги информираме сите институции кои може да постапуваат по ова прашање“, рече Сотирова – Бухова.

Нагласи и дека инфективното одделение во охридската болница функционира и ќе биде примен секој што ќе дојде со упат.

 

 

 

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...

Д-р Александар Веслиески ви ги честита Велигденските празници, посакувајќи мирен и спокоен живот, добро здравје и неизмерна среќа.

Познатиот специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување Др Александар Веслиевски, кандидат од партијата ЗНАМ во 5-та изборна единица ви ги честита Велигденски празници,...

Градоначалникот Пецаков: Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој бидат присутни...

Христос Воскресна! Навистина Воскресна! Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој...