13.3 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаМакедонијаМанастирот во Вељуса во струмичко, ќе се реставрира со пари од амбaсадорскиот...

Манастирот во Вељуса во струмичко, ќе се реставрира со пари од амбaсадорскиот фонд на САД

spot_imgspot_img

Во манастирот „Св. Богородица Милостива (Елеуса)“ во струмичкото село Вељуса денеска беше потпишан грантот од амбасадорскиот фонд на САД наменет за конзервација и реставрација на овој значаен споменик на културата од средновизантиската епоха зачуван на македонска територија.

Средствата од овој грант ќе се искористат за комплетна заштита на манастирот „Елеуса“, за покривот и фасадата, како и за конзервација на фреските и на иконите и за чистење на мозаиците.

Грантот го потпишаа амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнс, и министерот за култура, Хусни Исмаили.

„Министерството за култура во повеќе наврати во изминатите години финансиски интервенира за заштита на овој значаен белег на културното наследство на Северна Македонија, но со потпишувањето на грантот од амбасадорскиот фонд на САД ќе се придонесе за ревитализација и за подолгорочна санација и заштита на вредниот објект, како и на живописот, кој има единствени иконографски решенија што биле инспирација за натамошниот развој на византиското монументално сликарство“, истакна министерот Исмаили.

Манастирот „Елеуса“ датира од XI век, а неговите градители имаат влијание од современите архитектонски решенија од византиската престолнина и се одраз на непосредните влијанија од цариградската градителска традиција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...