14.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаИсторијаВо Рим заврши манифестацијата во чест на св. Кирил

Во Рим заврши манифестацијата во чест на св. Кирил

spot_imgspot_img

Со музички концерт и со песната „Македонско девојче” која ја исполни оперската певица Весна Гиновска Илкова, синоќа во Рим заврши традиционалната повеќедецениска манифестација во чест на св. Кирил.

 

Последната програмска содржина ја подготви Министерство за култура на Македонија, а ја следеа гости, пријатели и почитувачи на делото на сесловенските просветители, браќата св. Кирил и Методиј.

Уметничката програма што се одржа во престижниот хотел “Амбасадор” во Рим ја отвори заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, кој во своето обраќање посочи дека манифестацијата претставува афирмација на визионерското просветителско дело на светите браќа и кое во актуелниот европски контекст зборува за космополитизам и разбирање на различностите, нагласи Лазовски.

Државната делегација предводена од претседателот на  Парламентот Талат Џафери по завршувањето на концертот приреди коктел на кој учествуваше и Цвета Карајанчева, претседател на Народното собрание на Република Бугарија. Првите луѓе на законодавниот дом го честитаа 24 мај – Денот на сесловенските просветители и ја продолжија нововостановената традиција за организирање и учество на културно уметнички манифестации посветени на големиот празник.

Вчера во рамки на чествувањето се одржа Молебен во Базиликата Сан Клементе, а потоа делегацијата предводена од претседателот на Собранието Талат Џафери беше на аудиенција кај светиот отец на римокатоличката црква во Ватикан Папата Франциск.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...