6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаЗабаваНајголемиот танцов камп и фестивал на Балканот!

Најголемиот танцов камп и фестивал на Балканот!

spot_imgspot_img

Најголемиот танцов камп и фестивал на Балканот, ова година по петти пат ќе се одржи во Скопје во организација на Битрикс културно-уметнички центар

Станува збор за интернационален танцов камп и фестивал кој изобилува со богата програма: танцови настани, работилници, натпревари (battles), перформанси и сл. Организаторите велат дека за ова петто јубилејно издание, создале програма каква што немало на Балканот досега. Програмата е поделена во пет сегменти како симбол на петте досегашни кампови години, и тоа: програма за деца “Kidsterz”, работилници со домашни и регионални инструктори “Community Program”, работилници со едукатори “Educational Program”, работилници со интернационални предавачи “International Program” и перформанси/натпревари.

Beatrix Dance League Program

 

На танцовата лига секоја година доаѓаат реномирани кореографи, па така и годинава се појавуваат едни од најзвучните имиња во сферата на урбаниот танц. Од 8-17 јуни во Скопје доаѓаат: Kenzo Alvares (Холандија), Jaja Vankova (Украина), Dylan Mayoral (Англија), Kevin Paradox (Холандија) и Edwin Batalla (Германија/Јамајка), кој е минатогодишниот победник на најголемиот freestyle battle во Европа “Summer Dance Forever” – Амстердам.

Покрај интернационалните имиња, во периодот од 8.06 – 13.06, во „Јавна Соба“, ќе се одржат работилници со кореографи од Бугарија “Skywalkers Crew” и од Србија “Continuum Dance Theater”, како и сите инструктори од Битрикс (Ивана Балабанова, Стефани Пецалевска, Ана Марија Темелковска, Сара Ничота, Сандра Најдановска, Јана Петровска, Леонарсо Хусеини, Мартин Иванов и Ива Богоевска). Ќе се одржат работилници и по современ танц и тоа од: Александра Начева – професорка во средното училиште „Илија Николовски – Луј” – Скопје, Бојан Мицев (ФМУ), Теодора Ежовска (ФМУ), а Адријана Данчевска – позната по својата работа во „Скопје танцов театар“ по пат на аудиција ќе одбере тим со кој ќе подготви танцов перформанс.

Во периодот од 14-17 јуни, во Младинскиот Културен Центар ќе се одржат настани кои нема да ја остават рамнодушна публиката.

Beatrix Dance League Program

 

Интернационалниот дел од кампот ќе се отвори на 14.06 со перформансот на Адријана Данчевска, а истата вечер ќе се одржи спектакуларен и посебен аудиовизуелен перформанс „Етер“ во кореографија на Ивана Балабанова, а со звукот на Дарија Андовска и анимациите на Глигор Постоловски (ДВД 5).

На 15.06 и 16.06 ќе се одржат танцови битки “Beat-Making Battle” и “All Styles Battle”. Beat-Making Battle е концепт на натпревар помеѓу дуа од бит-креатори и танчери, а како судии се појавуваат минатогодишните победници Јана Петровска и Иван Костадинов (Панда) и Ивана Балабанова и Брус (Green Out). “All Styles Battle” битката помеѓу танчери, оваа година ќе се реализира со звуците на Inomatik (Мики Миноски) и изведба во живо на бендот “Musaiq”. Судии на натпреварот ќе бидат Dylan Mayoral, Edwin Batalla и Kevin Paradox.

На 17.06, фестивалот ќе се затвори со „Гала Вечер“ каде ќе се претстават повеќе локални танцови клубови, како и перформанси на кореографите и предавачите.

Креативен директор на фестивалот е Ивана Балабанова, за креативата и дизајнот е одговорна Ана Стојановска, а Марсбен се појавуваат како официјална видео-продукција.

Доколку сакате да прочитате повеќе посетете ја нивната веб страница тука.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...