17.1 C
Ohrid
сабота, октомври 5, 2024
ПочетнаСветСтапил во брак со 81-годишна баба за да не оди во војска.

Стапил во брак со 81-годишна баба за да не оди во војска.

Млад маж од Украина успеа да избегне служење на воен рок, останувајќи две години во брак со жена која е 57 години постара од него. И покрај бројните критики, законот е на неговата страна.

Кон крајот на 2017 година, Александар Кондратјук добил повик за служење на едногодишен воен рок. Сите воено способни Украинци на возраст помеѓу 18 и 26 години мораат да поминат воена служба, а исклучок од тоа правило настанува само доколку се одговорни за жена со инвадилитет. Александар некако успеал да ја увери 81-годишната баба да се омажи за него.

За две години, тој ќе стане стар за служење на воен рок и тогаш веројатно ќе се разведе од својата сопруга, пишуваат украинските медиуми.

Бизарниот случај почна да ги полни насловните страници во медиумите на почетокот на минатата година, кога воениот аташе поднесе пријава до обвинителството со надеж дека ќе успее да го поништи бракот.

Од војската беа уверени дека Александар ги лажирал документите за да го избегне служењето на воениот рок, но истрагата покажа дека парот легално се венчал. Откако стигна потврдата дека бракот е законски, војската се откажа. Сепак, украинскиот печат повторно ја оживеа приказната прашувајќи ги претставниците на војската што планираат да преземат во врска со овој случај.

Кондратјук негира дека со жената се оженил за да ја избегне војската и тврди дека има чувства за неа. Неговата сопруга пред новинарите изјави дека Александар е добар сопруг и се грижи за неа.

Соседите на жената, од друга страна, пред медиумите рекоа дека нивниот брак е измама.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Болницата плодност се збогува со своите колеги

Во 12 часот напладне, во Болницата Плодност се одржа комеморативен настан за трагично загинатите наши медицински лица, примариус д-р Александар Ристески, врвен македонски радиолог,...

Пецаков: Од народ за народ, 80.000 денари од хуманитарниот турнир ќе бидат префрлени на сметката на нашата нашата сограѓанка Бојана Бонеска, на која за...

Од народот за народот таму каде што е најпотребно. СРЦ „Билјанини извори“ во соработка со Општина Охрид, организираат хуманитарен фудбалски турнир по повод 7ми...

Таравари: Лекари од приватното сакаат да се вратат во државното здравство

Укинувањето на економските директори во здравството прави заштеди во секторот, а за прв пат по 15 години имаше и проширување на позитивната листа. Ова...

Над 10 илјади евра годишно ја чини државата еден затвореник

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов вели дека еден затвореник државата ја чини околу 2 100 денари на ден или над...