6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаЗабаваНаишол на нешто одвратно а го направил побогат за 320 илјади евра

Наишол на нешто одвратно а го направил побогат за 320 илјади евра

spot_imgspot_img

Тајландскиот рибар Јумрус Тиачот се шетал на плажа кога забележал нешто чудно, тешко околу 6 килограми.

Бил уверен дека станува збор за “блуеница” од кит, која во одредени краеви е на висока цена.

Бидејќи Тиачот заработува околу 11 евра дневно, дополнителна заработувачка добро би му дошла, па почнал да се распрашува кај мештаните за да се направи некој тест.

Иако тие му рекле дека резултатот е негативен, го посетиле локалните власти кои потврдиле дека навистина станува збор за “блуеница” од кит.

“Тројца соседи дојдоа кога слушнаа што сум пронашол. Земаа пар примероци и река дека истражат за што станува збор. Потоа ми кажаа дека тестовите не покажале ништо. Сакав да ја знам вистината, па ги контактирав властите. Сега кога знам за што се работи, ќе ја продадам”, рекол тој.

Се проценува дека 6 килограми тешката “блуеница” вреди околу 320.000 евра, судејќи по тоа како цените претходно се движеле.

Експертите утврдиле дека парчето содржи повеќе од 80 проценти таканаречена амбра, која се произведува во дигестивниот систем на китовите. Тоа звучи грозно, меѓутоа, кога ќе стане суво мириса дури и природно, поради што е многу барана материја во индустријата за парфеми.

На пример, во 2016-та година парче амбра од 1,57 килограми, пронајдено во Ланкашир, е продадено за 50.000 фунти, а истата година тројца рибари од Оман извлекле 80 килограми блуеница од кит и ја продале за 3 милиони долари.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...