14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаЗабаваЛуѓето во овие години се најнесреќни: Со годините потешко наоѓаме причини за...

Луѓето во овие години се најнесреќни: Со годините потешко наоѓаме причини за среќа

Истражувањето направено на 2.000 Британци покажало дека колку сме постари, толку потешко наоѓаме причини за среќа.

Според резултатите, луѓето се најмалку среќни во 45-тата година од животот, а интересно е како само четири од десет испитаници рекле дека имаат за што да се радуваат во својот секојдневен живот.

Еднаков број се согласуваат дека забавата завршила речиси во исто време кога зачекориле во светот на возрасните.

Можеби најжален е податокот кој вели дека 10 проценти од испитаниците признале дека во текот на целата недела ниеднаш не прават нешто што ги радува. Немаат пари за тоа, немаат енергија, или едноставно не знаат да се забавуваат.

“Возрасните луѓе лесно потонуваат во секојдневната животна рутина и забораваат да издвојат време за забава”, вели психоаналитичарот Стив Мекјуен.

Како што објаснил, многумина не знаат како повторно да почнат да се забавуваат, а одговорот на ова прашање всушност може да биде прилично едноставен.

“Минувајте повеќе време со вашите најмили. Освен психолошките предности, вклучувајќи намален стрес и зголемена среќа, минувањето време со семејството е одличен начин тоа чувство за детска забава да се врати во вашиот живот”, предложува тој.

Исто така, дури 83 проценти од испитаниците се согласиле дека многу повеќе се забавуваат во друштво на деца, отколку на возрасни.

“Поради нивната имагинација и способност да не се грижат за тоа што другите луѓе мислат, децата полесно се препуштаат на забавната страна на животот”, истакнува Мекјуен.

Затоа, ако сакате брзо да ја вратите среќата во својот живот, експертите ве советуваат да погледнете детски филм или да заиграте како никој да не ве гледа.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...