17.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаСветВидео Македонец фатен при кражба на тајни документи за производство на муниција...

Видео Македонец фатен при кражба на тајни документи за производство на муниција во Србија

Во белградски хотел уапсени се Боривоје Глишовиќ, пензиониран инженер од „Први Партизан“ од Ужице и Шефќет Демировски, сопственик на македонската компанија „АТС Груп“.

Во акција на српските разузнавачи и специјални единици Глишовиќ и Демоировски се уапсени за време на нивниот состанок во белградски хотел каде што договарале примопредавање на доверлива документација за изработка на машина за производство на муниција од калибар од 12,7 милиметри.

Глишовиќ од македонскиот бизнисмен Демировски на претходниот состанок како аванс добил околу 30 илјади евра, додека преостанатиот дел веројатно од ист износ пензионираниот инженер требало да го добие по предавањето на целата документација.

Демировски документацијата за изработка на машината за муниција планирал да ја искористи во погоните на поранешната фабрика за оружје и муниција „Сувенир“ во Македонски Брод, како и во фабрика во Катар која делумно била во негова сопственост.

Покрај Глишовиќ и Демировски, српските специјалци уапсиле и уште две лица – Небојша Ивановиќ и Милован Миловиќ, активни инженери во „Први Партизан“, поради сомнение дека на Глишовиќ за пари му достанувале делови од документацијата за машината за муниција.

Акцијата била реализирана после сознанијата на Безбедносно-информативната агенција дека неколку работници и поранешен инженер од фабриката „Први Партизан“ за пари добиени од конкурентни компании од Македонија, Катар и Босна крадат и изнесуваат техничка документација.

Линк до видеото https://youtu.be/DR28CLm5Vuk

 

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...