2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаМијалков ме освои со неговата убивина и неговиот шарм.

Мијалков ме освои со неговата убивина и неговиот шарм.

spot_imgspot_img

Во интервју за естрадниот магазин Бекстејџ Александра Мијалкова раскажува за бракот со Сашо Мијалков. Открива каков е тој како сопруг и вели дека е доста романтичен.

На прашањето со што нејзиниот сопруг успеал да ја освои, Александра вели дека “виновникот” е токму неговиот шарм:

“Ме освои со неговиот шарм и харизма што ја има. Излегувавме и се дружевме заедно, ми беше убаво”.

Во интервјуто се присетува на еден драг момент, можеби и клучниот со кој Сашо Мијалков го заробил нејзиното срце.

Александра зборува за букетот и телеграмата кои Сашо ги испратил директно од Прага за да ја изненади на сцената, кога таа имала само 18 години:

“На крајот од претставата кога се поклонувавме, тој не беше тука бидејќи студираше во Прага во тоа време, јас добив букет и телеграма за кои не очекував дека се од него. Подоцна кога ја отворив телеграмата, помислив дека е од некој друг, но кога видов дека е од него, многу се израдував – тоа беше прекрасно чувство”, вели Александра.

Таа за сопругот вели дека е многу романтичен, иако не личи на таков човек:

“Таква беше неговата професија, но надворешниот лик не е тоа што кажува какви се луѓето”.

Во интервјуто за Бекстејџ Ана открива како успева да се избори со секојдневието, како ги балансира работите, за посветеноста на балетот и за тајната на долгата и успешна врска. Во продолжение.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...