2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаНаќе Чулев: Службените возила на МВР се користеле за сопствени потреби, до...

Наќе Чулев: Службените возила на МВР се користеле за сопствени потреби, до сега само едно е вратено.

spot_imgspot_img

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев кој вчера попладне испратил телеграма во Министерството за внатрешни работи и бара да се вратат триесетина возила меѓу кои и возила што ги користело обезбедувањето на неговиот претходник и сегашен технички премиер, Оливер Спасовски, во изјава за Фокус вели дека возилата се користеле несоодветно и тврди дека телеграмата била испратена во рамките на постапувањето согласно процедурите.

– Постапување согласно законите, процедурите и позитивните законски прописи е начинот на кој што работи актуелното раководство на Министерството за внатрешни работи. Водењето сметка за инвентарот и опремата на министерството за внатрешни работи не е ‘спорна одлука’ туку само е еден дел тоа постапување. Без да сакаме да навлеземе во дневно политички интриги креирани од партиските кујни на СДСМ, најостро ги демантираме наводите и невистините објавени во текстот и апелираме до медиумите и новинарите да ги почитуваат принципите на етичко известување. За волја на вистината од десетици возила за кој е утврдено несоодветно користење, само едно е вратено, а останатите сеуште се користат надвор од правилата и процедурите на МВР, вели Чулев во изјава за Фокус.

Дополнителната заменик министерка, Славјанка Петровска потврди дека има ваква телеграма и дека Чулев бара да се врати едно возило кое го користела токму таа, како и неколку возила кои ги користел Спасовски. Таа не успеала да добие одговор дали станува збор за превид на министерот.

Оваа телеграма на Чулев е втора по ред, откако претходно побара раководителите на организациските единици во рамките на МВР да не ги врачуваат решенијата за распределување на работници кои ги потпишал Спасовски.

Двајцата министри вчера се „судрија“ и околу предлогот на Чулев за началник на СВР Скопје да биде именува Ристо Ставревски, советник на поранешната министерка Гордана Јанкулоска, кој се слуша во „бомбите“ како договара изборни манипулации. Петровска не го потпиша ова решение, кое е дел од смените кои му се дозволени на техничкиот министер, но неговото име беше официјално објавено на списокот на МВР.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...