6.5 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЗа тајната група на „Телеграм“ на која се споделуваат по*нографски видеа и...

За тајната група на „Телеграм“ на која се споделуваат по*нографски видеа и фотографии од малолетни девојчиња од Македонија, МВР започна истрага

spot_imgspot_img

Медиумите објавија вознемирувачки стории дека на апликацијата Телеграм веќе еден месец постои затворена група позната како „Јавна соба“ со над 7.400 членови каде се споделуваат фотографии и видеа на малолетнички од земјава, некои со име и презиме.

Дополнителната заменик-министерка во МВР, Славјанка Петровска, вчеравечер на својот Фејсбук-профил објави дека Бирото за јавна безбедност веднаш започнало истрага за мотивите и целите за формирање на затворената група на Телеграм, на која се споделуваат експлицитни фотографии од малолетнички, пишува „360 степени“.

Таа најави дека сите детали и наоди веднаш ќе бидат објавени во јавноста, а за прекршителите ќе следуваат пријави.

Вчера, Радио МОФ и А1.он објавија вознемирувачки стории дека на апликацијата Телеграм веќе еден месец постои затворена група позната како „Јавна соба“ со над 7.400 членови каде се споделуваат фотографии и видеа на малолетнички од земјава, некои со име и презиме.

Двата медиум и самите посведочиле за она што се случува меѓу членовите на оваа група, а од изјавите на нивните соговорници, меѓу кои и професорка од скопско средно училиште, заклучиле дека меѓу нив има и лажни профили чии идентитети не се познати. Порнографските материјали на девојчиња на 12, 13 години и малку повозрасни секој член може да ги зачува и понатаму да ги користи. И соговорниците и медиумите вчера побараа одговор од МВР.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...