13.8 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаДНК пееја пред жените осуденичките во Идризово, организатор Моника Конопова девојката која...

ДНК пееја пред жените осуденичките во Идризово, организатор Моника Конопова девојката која беше приведена за марихуана.

Членовите на популарната македонска група ДНК пред неколку дена настапија во затворот во Идризово пред жените осуденички. Андреј и Панчо порачаа дека им е задоволство да видат насмеани лица и зад затворските решетки, и им посакаа на осуденичките да се видат на концерт кога тие ќе излезат на слобода.

„Убаво е чувството да се видат насмеани лица дури и зад затворските решетки. Сме имале многу настапи, но ова е некако поинаку. Не ви ги знаеме вашите казни, но стоиме пред вас и сме индивидуи исто какви што сте вие. Мораме да учиме од грешките и тие нека ни бидат и лекции за да бидеме подобри луѓе.

Ако се договориме можеме да доаѓаме почесто, а може и да ви доаѓаме еднаш во месецот ако ви се допадна нашиот настап. Ние овде не сме да осудуваме, ни давате многу позитивна енергија и немој да мислите дека надвор е се сјајно. Овде сме овде час-два, вие сте на подолг рок.

Немојте никогаш да губите надеж и верба, задржете ги убавите работи и бидете силни. Бидете семејство и така времето ќе ви минува многу побрзо. И дај боже еден ден наместо овде, да ни дојдете на концерт и надвор од затворот,“, порачаа членовите на ДНК.

Тие на импровизираната сцена пред осуденичките од женското одделение испеаја дел од своите најголеми хитови а истовремено им подарија и примероци од своето CD издание „The best of“.

Престојот во КПД Идризово го искористија и за краток разговор со осуденичките и за размена на мислења.

Настанот се одржа во организација на секторот за ресоцијализација на казнено-поправниот дом, и има за цел да ги поттикне осудените лица на просоцијално поведение по напуштањето на установата и за нивна полесна адаптација во социјалниот свет.

За таа цел во подготовката на настанот се приклучија и осуденичките кои моментално издржуваат затворска казна, а дел од нив за време на настанот и јавно презентираа своја затворска поезија.

мкд.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...