2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаВознемиреност кај охриѓани по информацијата дека осуммина вработени на бензинска пумпа се...

Вознемиреност кај охриѓани по информацијата дека осуммина вработени на бензинска пумпа се позитивни на Ковид-19

spot_imgspot_img

Сопственикот на бензинската пумпа каде што половина од вработените, дури осуммина се заразени со Ковид-19, нема да бара одговорност од нив, иако довеле во опасност голем број луѓе ширејќи ја заразата на фреквентната бензинска пумпа, пренесува ТВ Алфа.

Не можел да осуди никого за несовесно однесување, бидејќи во негово присуство, сите ги почитувале препораките. И самиот се прашувал како се појавил коронавирусот во неговата компанија, оти од самиот почеток на вработените им ја обезбедил потребната заштитна опрема.

„Се чудат зошто седат во изолација, не им е јасно. Затоа што се позитивни! Му велат на докторите дајте ни лекови да се лечиме. Здрав се лечи, им вели докторот, кога ништо не ви е како да ви дадам, што да ви дадам од лекови? За нив наодот дека се позитивни не значи дека се зазаразени? Тие не се осеќаат дека се заразени. Не ја сваќаат сериозно опасноста на коронавирусот? Ама ништо не чувствуваат значи“, изјави Љупчо Којчиноски, сопственик на бензинска пумпа Окта”.

Целата ситуација му била малку чудна, оти заразените, како што вели, се чувствувале поздрави од секогаш.

Којчиноски појаснува дека првозаболениот чии резултати ги чекале 8 дена, воопшто не дошол во контакт со заразените колеги, бидејќи симптомите ги добил за време на годишен одмор и воопшто не се појавил на работното место, а последен пат, дотур на деривати вршел на 30-ти март кога не бил сомнителен на опасниот вирус.

Но, ова воошто не ги смирува компаниите за превоз на патници кои што имаат договор со оваа бензинска пумпа и каде што на секои 4 до 5 дена точат гориво. И додека тие ги бројат деновите и живеат во страв постојано пресметувајќи кога имале контакт со вработените на бензинската пумпа, Којчиноски вели, јас не можам да им сугерирам дали да се тестираат автобуските превозници и нивните вработени, самите нека одлучат.

Од Центарот за јавно здравје велат дека ќе се тестираат само оние лица кај кои евентуално ќе се појават симптоми.

„Кластер се’ уште не може да се формира затоа што се’ уште се дефинираат пошироките контакти, првичните контакти од првата генерација се веќе изолирани на сите тие што се позитивни. Дали ќе треба да се вршат дополнители тестирање на некои лица? Не, согласно епидемиолошките анкети и епидемиолошките индикатори сега во овој момент не е потребно некое дополнително тестирање“, изјави Сашо Точков, директор на Центар за јавно здравје Охрид.

Тестовите на останатите вработени се негативни, цела среќа во несреќа е што сите вработени превентивно се тестирале, иначе ќе ја ширеле заразата без да знаат, оти немаат никакви сиптоми.

Бензинската пумпа која беше затворена во саботата, од денес функционира. Таму сега се вработени две нови лица.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...