16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаСветАлбанија размислува да ги врати строгите мерки на изолација

Албанија размислува да ги врати строгите мерки на изолација

Доколку продолжи да расте бројот на нови заболени со ковид-19, Албанија размислува повторно да ги воведе строгите мерки на изолација.

Во последните 24 часа во оваа земја регистрани се 18 нови случаи исто колку и вчера, по неколкудевните минимални бројки на новозаразени.

„Ако работите продолжат да се влошуваат како во последните денови, ќе бидеме приморани да преземеме чекори наназад. Препораките се донесени за да се почитуваат, а не да се игнорираат. Ние не преговараме за здравјето на граѓаните со ништо и со никого“,

изјави Огерта Манастирлиу министерка за здрвство и социјална заштита.
Додаде дека како здравствени институции тие го поддржуваат олеснувањето на мерките, но само под услов граѓаните да ги почитуваат правилата.

„Имам апел за сите граѓани. Фактот дека многумина од вас немаат роднина, член на семејство или познат засегнат од вирусот не значи дека вирусот не е присутен. Уште помалку тоа може да биде причина да не се следат правилата и да се намали будноста“,

рече Манастирлиу.
Досега во Албанија тестирани се 11.988 граѓани,при што позитивен резултат е добиен кај 916 лица.

360 степени

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...