13.4 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаВладата, МВР и општина Чаир сеуште трагаат по мистериозниот сопственик на објектот...

Владата, МВР и општина Чаир сеуште трагаат по мистериозниот сопственик на објектот кај Мавровка, а бара и храбар човек да го урне

По двата пропаднати тендери на кои не се пријави ниту една фирма денес општина Чаир реши да ги зголеми финансиските средства на новиот, како можна мотивација повеќе за да успее третиот обид. Се уште не е познато колку ќе тежи понудата на Општината.Согласно извршените консултации и врз основа на Законот за јавните набавки, Општина чаир пристапува кон зголемување на проценетата вредност на јавната набавка како единствен можен механизам поради непредвидените настанати околности за поттикнување на учеството на економските оператори во постапката. – Општина Чаир.

Од општината за Канал 5 додадоа дека, согласно одредбите од Законот и новата постапка која ќе се отвори, ќе биде без никакви ограничувачки критериуми.

Дивоградбата е веќе со недели трн во очите на скопјани, додека Обвинителството и Министерството за внатрешни работи веќе месец и половина трагаат по мистериозниот градител. Изминатата недела од министерството соопштија дека постапиле по барањата на обвинителството, барајќи информации од останатите надлежни институции, па штом ги добијат ќе ги достават во Обвинителство.

Од досегашната истрага, познато е дека МВР пред една недела доставиле докази до Обвинителството, бидејќи имале основни сомневања кој стои позади градбата кај „Мавровка“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...