8.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаМВР Најголем вработувач во Македонија

МВР Најголем вработувач во Македонија

Во периодот од 2017 до 2020 година, бројот на вработени во министерствата во земјава се зголемил за три, а во општините за два проценти. Најголем скок на бројот на нововработени има во полицијата, а најголем пад во одбраната, покажуваат резултатите од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Во министерствата и во Владата има 540 повеќе вработени или ангажирани луѓе, а во општините 154. Бројот на привремено вработени во министерствата скокнал за повеќе од 300 проценти. Кај општините, пак, бројот на ангажираните на договор на дело се намалил за 31 процент.

Најголем скок на бројот на нововработени има во полицијата (за 570 луѓе), а најголем пад во одбраната (168 помалку). Кај општините, пак, најголемо зголемување на вработените има во Бутел (за 122 луѓе), а најголемо намалување во Карпош (за 124 луѓе).

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...