12.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаПет причини зошто ни беше “подобро” во Југославија, отколку денес.

Пет причини зошто ни беше “подобро” во Југославија, отколку денес.

spot_imgspot_img

За тоа колку добро беше за време на Југославија пишуваа многумина, секој од перспектива на својата генерација. Но, малку кој пишуваше од перспектива на генерацијата која Тито не го запомни, а сепак живееше во неговата Југославија. Затоа би сакал да се слушне гласот на таа (мојата) генерација родена пред крајот на седумдесетите. Ова се пет причини зошто ни беше добро во Југославија.

Тито

Уште од некаде на средината на осумдесетите, мајката и Тито во детската психа имаа отприлика рамноправно место. Заклетвата “жими мајка” од страна на нашите другари се сметаше еквивалентна на заклетвата “ако излажам, не го сакам Тито”. Онаа иста мајка која не носела во својата утроба и која нашиот живот и е помил од нејзиниот сопствен во нашата свест имаше исто место како и човекот кој некои татковци на нашите врсници ги прашаѓе на Голи оток само затоа што политичките видувања не им се согласуваа.

Како петогодишни, шестогодишни или седмогодишни, бевме жртви на индоктринација на култна личност, но за тоа воопшто не бевме свесни па ни беше добро.

Урбан живот

Многу од нас беа првата генерација во своето семејство родени во град. Живеевме воглавно во нови куќи за кои нашите родители подигнале кредит со фиксна каматна стопка во текот на седумдесетите. Ги подигнаа брзо, но не доволно брзо за да ја престигнат инфлацијата која го изеде целиот кредит, па ратите за отплата на кредит на крај беше како цена за кутија ќибрит. На нашите родители кредитот им дојде евтино, но на банките кредитот кој нивните претпријатија ги добија тие пари, тој кредит ги чинеше како кајганата на Свети Петар. Банките работеа со огромни загуби кои ги надокнадија со позајмици од Меѓународниот монетарен фонд, што во 1983. година доведе до должиничка криза и банкрот на југословенските должници кон ММФ.

Тој банкорт на своја кожа го почувствувавме неколку години подоцна, а го чувствуваме и денес. Бевме жртви на неодговорни економски политики на државите, но за тоа воопшто не бевме свесни па ни беше прилично добро во текот на осумдесетите.

Бесплатно образование

Уште во прво одделение во основно училиште научивме дека “социјализмот е најефикасен и најхуман економски систем.” Додека нашите врсници на запад не ни знаеја што е тоа социјализам, а што капитализам, ние уште во првите училишни денови знаевме дека капитализмот е зло и дека му доаѓа пропаст. На никој не му падна на памет да праша зошто децата од седум години учат за ова. Посебно, на никој не му падна на памет да праша како образовниот систем ги учи децата дека капитализмот е лош, а нивните братучеди на тетката од Германија си играат со играчки кои никогаш во живот нашите ги немале видено и сите би сакале со нив да си играат. Како тоа тетката не испраќа скапани јаболка, туку автомобили на далечинско управување кога тој капитализам е лош?

Колку пари, толку и музика, па така и во “бесплатното” образование кое сите ние низ нос го плаќавме. Само требаше да кажеш дека не разбираш што има толку страшно во систем во кој е дозволено да поседуваш повеќе од 10 хектари земја и да вработуваш повеќе од 10 работници. Ќе добиеш етикета на без образен човек кој ги срами своите родители.

Бевме жртви на политичка индоктринација и зло ставувани со навреди, но воопшто не бевме свесни за тоа па ни беше добро.

Раздвоеноста на државите и религиите

Доколку си бил религиозен, тоа беше твој личен избор и државата немаше ништо со тоа. Немаше веронауки во училиштата и црквата не влијаеше на законодавството. Паралелно на религискиот вакум, за нас беше пронајдена алтернативна секуларна религија – светата социјалистичка револуција. Затоа ни беше и толку добро. Нашето добро се мереше со нивото на параноја со која режимот не филуваше низ бесплатното образование: што ќе се случи во случај доколку го изгубиме текот на револуцијата? Имајќи во предвид дека текот на револуцијата требаше да ја чуваме како “зеница во окото”, тогаш замислувавме дека некој ќе ни ги извади очите доколку исчезне текот на револуцијата.

Бевме жртви на застрашување со квази-религиска параноја, но за тоа воопто не бевме свесни па ни беше добро.

Слобода

Последната, но не и најмалку важна причина зошто ни беше добро што нашите родители имаа целосна слобода за обожавање на социјалистичката револуција. Во случај да посакаа да се откажат од слободата и да се посомневаат во светлиот пат на Тито, имаа обезбеден стан и храна на егзотичниот остров на Јадранско море споменат во точка 1. Веројатно поради таа слобода на обожавање на текот на светата социјалистичка револуција, оние кои добивале третман на тој егзотичен остров се гледани како херетици, срам за своето семејство, соседство и село. Затоа се криеше доколку некој од твоето семејство признал дека во целост не ја сфатил слободата која ја имал, па се одлучил на идеолошки поразличен пат. Тоа беше лага која не можеше да се испере.

Не учеа да ги срамиме оние кои се дрзнуваат да размислуваат поинаку и да се чувствуваме криви поради тоа што нема никаква врска со нас, но, имајќи во предвид дека воопшто не бевме свесни за тоа, баш ни беше добро.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...