6.5 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЗибери: Вакцинирањето ќе започне во февруари, пратениците да се вакцинираат за да...

Зибери: Вакцинирањето ќе започне во февруари, пратениците да се вакцинираат за да функционира Собранието

spot_imgspot_img

Арбен Зибери, претседател на Комисијата за здравство во Собранието, гостуваше во Студио 10 и рече дека имаме многу луѓе кои ги поминале вирусот и дека не сме во почетна фаза. Тој вели дека цела година имаме некоја скала на колективен имунитет, но и со вакцините ќе се постигне баланс и да се врати нормалниот живот и тие ќе се даваат на оние кои ја немале болеста, објави ТВ24.

– Во февруари ќе почнеме со давање на вакцината и земјите каде е почната вакцинацијата се членки на ЕУ. Во Србија се користат кинески вакцини и има претставништво „Фајзер“. Фокусот на Фајзер и сите компании сигурно е поголемиот пазар и ова е глобален проблем – вели Зибери.

Зибери смета дека пратениците треба да се вакцинираат за да може да функционира Собранието, но и оние кои не ја имале болеста и немаат антитела.

– Јас имам антитела и нема потреба да се вакцинирам, зошто ја имав болеста – вели Зибери.

Тој смета дека во неколку земји веќе се зборува за лек против вирусот, не само вакцина, зашто не е сигурно колку ќе штити вакцината и колку ќе трае.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...