8.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Јас мислам добра работа направивме со тоа што ги затворивме угостителските...

Филипче: Јас мислам добра работа направивме со тоа што ги затворивме угостителските објекти, резултатот е видлив.

spot_imgspot_img

Искуството ни покажа дека во угостителските објекти и покрај тоа што има протоколи мерките не се почитуваа, па затоа мерката за нивно затворање е добра, особено во предпразничен период.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека одлуката за затворање на угостителските објекти во овој период може да придонесе за намалување на ширењето на ковид-19.

„Мислам дека е добра ваква мерка во пресрет на празниците. И тоа беше главниот концепт околу кој дискутиравме – дали треба да имаме радикална мерка и сериозно да го намалиме притисокот пред некои настани кои се сериозен ризик, а по две недели можеби за угостителските објекти ќе дадеме некои други препораки. Сепак, искуството покажа дека тоа се места каде и покрај тоа што има препорачани мерки, дистанца, сепак има групирање и непочитување на тие превентивни мерки. И затоа е таа препорака. Сакаме на некој начин, да го намалиме притисокот кон здравствениот систем“,

рече Филипче.
За евентуални промени во однос на мерката, напомена, ќе се анализираат бројките и податоците за сите градови поединечно како што се прави секоја недела.

„Не смее да се дозволи експлозија и создавање кластери за празниците, посебно во ваква ситуација кога системот е оптоварен со бројни пациенти по болниците“,

потенцира Филипче.
Според директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, и по една година од пандемијата, сè уште има угостители, но и граѓани кои не ги почитуваат протоколите.

Инспекциските служби од 29 март од 4 април спровеле вкупно 5 236 надзори и контроли. Само пазарните инспектори извршиле над 4 500 контроли и надзори при што изрекле 34 прекршочни пријави, 91 решение и 43 платни налози. Вкупно осум угостителски објекти се затворени поради непочитување на протоколите, два во Скопје и Битола и по еден во Гостивар, Тетово, Струга и Куманово. Во овие угостителски објекти не се почитувало работното време или бројот на гости, односно ограничувањето на гости на една маса. Во сите случаи е изречена забрана за вршење дејност, односно тие се затворени на лице место, а дополнително се изречени и соодветни прекршочни платни налози.

Од Нова година до сега се затворени преку 78 објекти поради непочитување на протоколите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен скопјанец кој со ловечка пушка им се заканувал на жители на Богомила

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, уапсија 36 годишен скопјанец кој со ловечка пушка им се закнувал на жители од село Богомила. На 03.05.2024 во...

На денешен ден во 1945 година е утврдена македонската азбука со 31 буква

На денешен ден 1945 година, Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донела...

Мицкоски: Денес е најтешкиот ден во Христијанството, ден на христовите страдања за човештвото.

Велики петок (уште нарекуван и Распет петок) се смета за најтежок празник во христијанската религија. Настанот кој е поврзан со овој празник е христовото...

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...