6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСудот му одреди куќен притвор на Драги Рашковски

Судот му одреди куќен притвор на Драги Рашковски

spot_imgspot_img

Куќен притвор за поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, осомничен во случајот за јавна набавка на софтерот за сообраќајни прекршоци, му одреди попладнево судија на претходна постапа во Основниот кривичен суд – Скопје по четиричасовниот распит. На распит беше спроведен и Даниел Станчевски од Друштвото за инженеринг, информатика и дигитален дизајн „Инвока груп” од кое Генералниот секретаријат на Владата го купил софтверот за определување на брзина на возила во сообраќај и изрекување казни, кому судот исто така му определи мерка куќен притвор.

– По произнесување на јавниот обвинител во однос на предлогот со кој бара определување мерка притвор заради постоење на основите од член 165 ст.1.т.1 и 2 односно (т.1) опасност од бегство со оглед да осомничените се имотни и (т.2)влијание на сведоци и попречување на истрагата, како што е наведено во предлогот, како и произнесување на осомничените во присуство на нивните бранители, судија на претходна постапка донесе решенија со кои на осомничените им определи мерка куќен притвор како и мерка Забрана за комуникација со другите осомничени и Забрана за користење на средства за комуникација, стои во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...