2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче-Фајзер вакцините ни стигнуваат в понеделник преку Софија, а во Белград ќе...

Филипче-Фајзер вакцините ни стигнуваат в понеделник преку Софија, а во Белград ќе се договора партнерство со „Торлак“

spot_imgspot_img

Фајзер вакцините стигнуваат в понеделник преку Софија, во Белград ќе се договора партнерство со „Торлак“

До добивањето на вакцините на Фајзер во понеделник, на располагање има уште 10.000 вакцини од Астразенека, нешто помалку од 3.000 од Спутник и 1.000 кинески вакцини, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

За вакцините на Фајзер, Филипче кажа дека е потврдено дека ќе стигнат во понеделник, и тоа со авион до Софија, а попладне со специјален транспорт ќе бидат донесени во Скопје.

Што се однесува до процесот на вакцинација, тој изјави дека заклучно со вчера вакцинирани се 35.000 лица, од нив 13.000 ја примиле вакцината Астразенека, како и дека деновиве има поголема фрекфенција на закажување на вакцинација.

Филипче најави дека во вторник идната недела претставници на Министерството за здравство ќе одат во официјална посета на Белград каде што ќе имаат средба со српскиот министер за здравство Лончар, но и со директорката на институтот Торлак и дека ќе разговараат за повеќе важни теми, вклучувајќи и стратешки план за набавка на вакцини во иднина. Според Филипче, сега не е потребна нова набавка на вакцини, но целта е Торлак да ни биде стратешки партнер во иднина, во зависност од тоа како ќе се одвива пандемијата.

Во однос на состојбата со болничките капацитети, тој кажа дека состојбата во болниците после мини притисокот во понеделникот е стабилна, нема голем неконтролиран наплив на пациенти и дека вчера и утрово имало доволен број слободни кревети.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...