2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаВладата одлучи: 745 естрадни уметници ќе добијат по 30.750 денари помош

Владата одлучи: 745 естрадни уметници ќе добијат по 30.750 денари помош

spot_imgspot_img

Владата донесе одлука за доделување на финансиска поддршка на вкупно 745 естрадни уметници, со која за секое од лицата кои се пријавија и ги исполнија условите предвидени со јавниот повик ќе биде исплатена еднократна финансиска поддршка во износ од 30.750 денари по лице, информира владината прес служба.

– На естрадните уметници кои беа погодени од корона кризата во наредните денови, вкупно ќе им бидат исплатени речиси 23 милиони денари (22.908.750,00 денари), со што е завршена уште една мерка од шестиот економски пакет – велат од Владата.

Од таму велат дека на јавниот повик за финансиска поддршка на естрадни музичари, кој го објави Генералниот секретаријат на Владата, а кој се спроведе во соработка со Министерството за економија и Министерството за култура пристигнаа вкупно 1.633 апликации, а по вкрстувањето на податоците од Министерството за труд и социјална политика, Управата за јавни приходи, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и официјалните списоци од Здруженијата на естрадни уметници, се утврди дека критериумите за добивање на финансиска поддршка ги исполнуваат вкупно 745 лица.

Критериумите кои естрадните уметници требаше да ги исполнат за да добијат еднократна финансиска помош се:

Да имаат пополнето годишна даночна пријава;

Да не се корисници на пензија;

Просечните месечни приходи да не надминуваат 15.000 денари;

Да не користат некоја од редовните програми за социјална помош на Министерството за труд и социјална политика и

Да бидат членови на некое од регистрираните здруженија на естрадни уметници.

– Во спроведувањето на оваа мерка, Владата континуирано комуницираше со сите регистрирани здруженија на естрадни уметници во земјата, при што се разменија идеи за формирање на комора на естрадни уметници, со цел да се систематизира и стави во определена рамка оваа дејност, со што комората би издавала лиценци за работа на естрадните уметници и на тој начин би се создал ефективен и конкурентен пазар, би се намалила сивата економија и системски ќе се надминуваат проблемите со кои се соочуваат естрадните уметници – велат од Владата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...