12.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаДенес се празнува Св. вмч-ца Недела

Денес се празнува Св. вмч-ца Недела

spot_imgspot_img

Света Недела (името е превод на грчкото Кириакија) се роди во Мала Азија и живееше за време на царувањето на Диоклецијан.

Се роди како дете измолено од Бога, бидејќи нејзините родители Доротеј и Евсевија долго време немаа деца. Кога порасна се разви во убава девојка, а телесната убавина ја дополни со убавината на душата што ја беше стекнала преку постојан внатрешен, невидлив подвиг. Нејзината убавина привлекуваше многу просители, но таа одбиваше да се врзе со некој друг освен со Христос.

Еден од одбиените просители, откако во себе ги разбуди злите мисли, ги поткажа пред властите света Недела и нејзините родители како христијани. Сите беа изведени на суд, мачени и најпосле погубени. Тоа се случи во 289 година во Никомидија.

Празникот на светата маченица Недела се паѓа во летниот период, во време на жетвата и другите полски работи. Во некои краишта, како на пр. во Дебрца, Охридско празникот се вика Стара Недела, се смета за мајка на неделите и за тежок празник.

Поголем број цркви во Македонија се посветени на светата маченица Недела, но и многу извори со лековити води, исто така се поврзани со името на оваа светица.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...